КАФЕ ПАУЗА

5 знаци дека партнерот ве контролира без да бидете свесни за тоа

5 знаци дека партнерот ве контролира без да бидете свесни за тоа

Можеби конечно сте го сретнале совршеното момче. Прави да се чувствувате убаво, сакано и безбедно. Но постепено сте почнале да забележувате нешто чудно и се запрашувате дали е премногу заштитнички настроен кон вас, или пак сака да ве контролира. Голема е веројатноста и вие, како и многу жени, да сте „заглавиле“ во ваква врска. Ако препознаете поголем дел од овие знаци, најверојатно вашето момче сака да ве контролира.rnrn5 знаци дека партнерот ве контролира без да бидете свесни за тоаrn

1. Директно ви кажува дека сака да ве контролира

rnПостојат мажи кои всушност кажуваат дека имаат потреба или сакаат да ја контролираат врската. Често може и да ве уценува дека ќе ве напушти ако не му го дозволите тоа. Понекогаш може и да не разговара со вас без вие да знаете што сте погрешиле. Па ако партнерот ви каже дека сака да ве контролира, немојте да се двоумите и заминете си веднаш.rn

2. Се однесува како да знае сè

rnМажите кои сакаат да контролираат „знаат сè“ и очекуваат вие да го прифатите тоа. Без разлика на вашето знаење за социјални, политички или лични теми, тој ќе ве убедува дека грешите и ќе направи да се чувствувате инфериорно бидејќи имате различно мислење од неговото. Ако помислите да му се спротивставите на која било тема, веднаш ќе ја нападне вашата гледна точка. Запомнете, тој сака да мислите дека знае најдобро. Ако постојано му го дозволувате тоа, вашиот глас никогаш нема да биде слушнат.rn

3. Диктира што ќе се случува во спалната соба

rnАко вашиот партнер кажува каде, кога и како ќе водите љубов, сигурно ве контролира. На почетокот можеби ќе ви се допаѓа оваа особина бидејќи сака негов аспект на врската. Но наскоро ќе стане неподносливо. Немојте да правите компромиси во врска со сексот. Ако нешто не сакате да направите, немојте да го правите.rn

4. Го менувате однесувањето според неговите потреби

rnТешко е да го забележите овој знак бидејќи мислите дека промените што ги правите за да го задоволите партнерот се незначајни. Но со текот на времето ќе биде потребно да промените сè само заради него. Ако вашиот партнер не е доволно сигурен во себе за да го прифати вашиот карактер, нема потреба да трошите време на него. Прашање на време е кога ќе почне да го контролира секој аспект од вашиот живот.rn

5. Истото се случувало и со неговите поранешни девојки

rnСигурно не сакате да барате совети од бившата девојка на партнерот. Но, начинот на кој се однесувал со нив е навистина важен бидејќи ви дава увид во она што можете да го очекувате. Ако ви пријде некоја негова девојка од минатото, немојте веднаш да ја бркате. Ислушајте што има да ви каже бидејќи може да ви заштеди многу време. Големи се шансите дека нејзиното искуство со него ќе биде исто како вашето.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте во лоша љубовна врска.