КАФЕ ПАУЗА

5 активности што можете да ги сметате како вежбање и да ги правите секој ден

5 активности што можете да ги сметате како вежбање и да ги правите секој ден

Ако сте како повеќето луѓе, на крајот на напорниот ден сигурно повеќе сакате да се релаксирате со некој филм наместо да вежбате. Ако сте во тек со вестите за здравјето, сигурно веќе знаете дека бројни истражувања покажале дека физичката активност е еден од најдобрите начини да се грижите за вас.rnrn5 активности што можете да ги сметате како вежбање и да ги правите секој денrnrnОд намалување на ризикот за болести на срцето до подобрување на менталното здравје, јасно е дека редовното вежбање навистина прави чуда за вашето здравје. Па, како да останете активни кога едвај имате време да подготвите вечера или да се опуштите? Овие нешта нема да ви одземат многу време, но ќе ви помогнат да бидете активни секој ден.rn

1. Танцувајте

rnТанцувањето на омилените хитови не само што е забавно, туку е одличен вид вежбање. Ако уживате во танцувањето излезете во некоја дискотека или почнете да посетувате часови за танцување. Нема потреба да се присилувате да правите нешто што не го сакате кога можете да вежбате со активност во која навистина уживате.rn

2. Забавувајте се со партнерот

rnДа бидете активни не значи дека треба да го замените задоволството со болка. Ако не сакате да посетувате теретана, можете да го замените вежбањето со секс. Истражување од 2013-та година покажало дека сексот навистина може да се гледа како вежбање. Во истражувањето учествувале 21 млад пар и се споредувало количеството енергија што го трошеле во 30-минутно вежбање и енергијата што ја трошеле за време на секс. Резултатите покажале дека сексот понекогаш може да се смета за многу добра физичка вежба.rn

3. Симнете се една станица порано

rnЕдноставен начин да вметнете малку активност во секојдневниот живот е да пешачите повеќе од вообичаено. Ако најчесто патувате со јавен превоз, симнете се од автобусот една станица порано. Ако користите автомобил, секогаш можете да се паркирате малку подалеку. Ако врне ќе бидете присилени да одите побрзо, а ова е уште подобро за вас.rn

4. Одете во супер маркет

rnНосењето на кесите од вашиот шопинг исто така може да се смета како еден вид вежбање. Дури и наједноставното купување, транспортирање и средување на намирниците може да ве активира.rn

5. Заборавете на доставата на храна

rnДенес е навистина лесно да порачате храна што ќе ви ја донесат дома. Наместо да чекате достава, отидете и сами подигнете ја нарачката. Најдоброто е што не мора да одите премногу далеку. Едно истражување покажало дека дури и само една минута физичка активност има позитивно влијание на вашето здравје. Сигурно можете да одвоите барем толку време за пешачење.rnrnПробајте ги и овие мрзливи начини на „вежбање“ што ќе ја подобрат вашата фигура.