Нема ништо поубаво од долг, удобен, лелеав фустан во лето. И додека сѐ уште се сомневате како да го искомбинирате, ви даваме неколку предлози за најсоодветните обувки. Да, не, можеби? Погледнете и самите.rn
ДА: Ниски слатки сандали
rn
rnrnОва се чевли кои се вклопуваат во речиси секоја летна комбинација. Ги има во најразлични стилови и се одличен избор за долгиот фустан. Доколку се двоумите, бидете малку посмели и одберете некој повпечатлив модел, со светкави камчиња или пак следете го последниот тренд – гладијаторскиот стил на ниски сандали.rn
ДА: Чевли со платформа
rn
rnrnОва се чевли кои се доволно гламурозни и шик, за совршено да се надополнат со долгиот фустан. Даваат дополнително издолжување, а истовремено се и многу удобни. Доколку имате долг фустан во ацтеки стил, комбинирајте го со чевли на платформа во бела боја. Ако пак имате фустан во пастелна боја, одберете чевли со цветен принт. Нема за што да се грижите, бидејќи имате безброј комбинации за неодолив летен изглед.rn
ДА: Фенси апостолки
rn
rnrnЛетото е како створено за апостолки, зарем не? Тие се совршен избор и за овој модел на фустан. Одберете некои поедноставни или пак нешто погламурозно. Изборот и онака е огромен. Кога и да се сомневате што да облечете на нозе, знајте дека ова е вистинското решение.rn
МОЖЕБИ: Штикли
rn
rnrnЗошто можеби? Доколку одите на некој посвечен настан со долг фустан, тогаш дефинитивно може да го комбинирате со соодветни штикли, при што треба да внимавате да не се превисоки и пренападни. Но, ако одите на некој поопуштен настан, најдобро е да ги оставите во плакарот и да се одлучите за некоја од варијантите погоре.rn
НЕ: Чизми
rn
rnrnЧизмите се многу секси и зрачат со стил, но кога станува збор за долг фустан, едноставно треба да ги заборавите. Воопшто не изгледаат убаво и тренди во една ваква комбинација. Дури и да сметате дека супер изгледате така, размислете уште еднаш и сепак одберете други обувки.rn
НЕ: Патики
rn
rnrnАко имате барем малку осет за мода, ќе знаете дека оваа комбинација не доаѓа во обѕир. Патиките најмногу одговараат со фармерки и тренерки. Навистина ќе го уништите женствениот изглед, доколку пробате нешто вакво.rnrnСе надеваме дека ви помогнавме и дека сега ќе знаете како на најубав начин да го комбинирате долгиот фустан, што веќе е спремен за летото.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
