Трендот кој дефинитивно ќе го засакаме оваа сезона се токму капри пантолоните! Тие се враќаат на големата врата за да ја направат секоја наша модна комбинација совршена и тренди без многу мака, а токму поради тоа и ги обожаваме. Совршено парче облека кое може да се носи во секоја прилика, а кое во зависност од потребата ќе може да го освежите со соодветни детали. Без разлика дали станува збор за спортски, работен или елегантен аутфит, капри пантолоните се тука за да ве направат кралица со стил.rnrnДали и вие ги сакате капри пантолоните? Тогаш, еве на кои начини можете да ги комбинирате и да ги носите во сите прилики.rnrn
rnrn1. Својот омилен модел пантолони лесно можете да го искористите во своите работни комбинации така што ќе ги носите со едноставни блузи или кошули и сако. Сосема примерни на работните состаноци, а сепак и понатаму атрактивни, модерни и женствени. Немојте да ги заборавите вашите омилени чевли и чанта. На крај, спремни сте да го освоите работниот свет.rnrn
rnrn2. Секогаш е добар избор да се одлучите за пантолони со интересен дезен кои сами по себе се впечатливи, па можете да ги комбинирате со сведени парчиња облека. Овој аутфит нема да одговара само на веќе споменатите работните прилики, туку и во оние лежерните кога ќе сакате да покажете максимум од својот стил и модно знаење.rnrn
rnrn3. За лесни, женствени летни аутфити, со белите капри пантолони комбинирајте лелеави, шарени блузи или туники и внесете здив од Медитеранот во својот стил. Толку освежувачки, зар не?rnrn
rnrnПродолжете на следната страница за да ги видите останатите комбинации…rnrn
Неодоливи комбинации со капри пантолони кои мора веднаш да ги испробате
