Инструменталните песни претставуваат совршен спој на пијано, виолина, флејта и други инструменти. Доколку вистина сакате да се фокусирате на она што го учите и да успеете, ви препорачуваме да ги слушнете следниве неколку песни.rnrn
rn
1. Синематик оркестра – To Build a Home
rnКога станува збор за ваква плејлиста, оваа песна не може да се изостави. Иако не е целосно инструментална, вокалите се волшебни. На крајот вистински се развива и со сигурност нема да ве остави рамнодушни.rnrnrnrn
2. Лудовико Еинауди – Nuovo Bianche
rnОваа песна почнува бавно и ја има најдобрата комбинација на пијано и виолина. Може да ја слушате додека читате или пишувате, и иако е нежна, сепак е доволно моќна за да ви го задржи вниманието.rnrnrnrn
3. Хари Грегсон-Вилијамс – The Wardrobe
rnСаундтрак од „Хрониките на Нарнија“. Песната ќе ве однесе во магични предели додека учите, а доминантниот звук на флејтата, ќе ве задржи сконцентрирани во текот на учењето.rnrnrnrn
4. Патрик Дојл – Neville’s Waltz
rnОваа песна звучи како да е компонирана од Бах или Бетовен, а всушност е од филмот „Хари Потер и Пламениот пехар“. Игрива, забавна и совршена да ви го поттикне расположението за учење.rnrnrnrn
5. Дебиси – Reverie
rnКлод Дебиси е светски познат композитор и оваа песна е доказ за неговиот огромен талент. Прави да се чувствувате како да сте во некоја магична шума, а не заглавени во читална.rnrnrnrn
6. Авичи – Wake me Up (Gavin Mikhail Cover)
rnОваа акустична обработка на популарниот хит малку ќе ве размрда, а фактот дека текстот е изоставен оди во прилог на подобреното внимание врз она што го учите.rnrnrnrn
7. Ханс Цимер – Gumption
rnДоколку се плашите дека инструменталните песни ќе ве успијат, слушнете ја оваа и веднаш ќе видите дека не сте во право. Има прекрасен ритам, игрива е и полна со живот. Ќе ви ја даде точната доза енергија, потребна при долгите ноќи поминати во учење.rnrnrnrn
8. Бетовен – Fur Elise
rnПопуларен класик кој е одличен за учење, пишување или читање. Ја поттикнува креативноста и позитивно влијае врз мисловниот процес.rnrnrnrn
9. Моцарт – Serenade No.13 in G Major
rnЗа крај, уште еден популарен класик. Разиграното чувство проткаено во ова дело, го прави совршено за слушање додека учите. Оваа песна не е бавна и нема да ве успие како останатите класични композиции. Напротив, ќе ве расположи и исполни со позитивна енергија.rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.