Многумина тврдат дека имаат поголеми шанси да доживеат оргазам ако се сексуално возбудени, опуштени или имаат партнер кој знае што прави. Но, повеќето луѓе не знаат дека постои поголема веројатност да го достигнат врвот доколку носат чорапи, на пример. Сепак, најважно е да бидете психички подготвени, да ви е удобно и да не сте под стрес, но и да го добиете потребното физичко внимание. Не заборавајте дека оргазмот не е најважниот дел од сексот. Сосема возможно е да имате одличен сексуален живот, дури и да не доживувате редовен оргазам. Добриот секс е поврзан со уживањето во секоја сензација што се поттикнува за време на сите фази од целиот процес.rnrn
rnrnИ покрај тоа што оргазмот не е најважен, науката докажала кои неочекувани работи придонесуваат за вашите шанси да достигнете врвно сексуално задоволство…rn
1. Носење чорапи
rnСпоред едно истражување спроведено на Универзитетот во Гронинген, кај луѓето кои не носеле чорапи постоеле 20% шанси и двајцата партнери да доживеат оргазам за време на сексот. Но, кога носеле чорапи, шансите се зголемиле на 80%. Станува збор за голема разлика! Па, кое е објаснувањето што стои зад сето ова? Авторите на истражувањето наведуваат дека чорапите ја подобруваат циркулацијата, што значи дека гениталиите се снабдуваат со повеќе крв.rn
2. Вежбање
rnПрашањата „Дали вежбате?“ и „Дали ви е тешко да доживеете оргазам?“ се тесно поврзани. Многу жени кои не вежбаат потврдиле дека им е тешко да го достигнат врвот.rn
3. Забавни партнери
rnЕдно истражување, објавено во списанието „Еволуциона психологија“ (Evolutionary Psychology Journal), открило дека жените полесно доживувале оргазам кога спиеле со забавни мажи. Исто така, докажано е дека забавните луѓе се попривлечни, што ги објаснува овие резултати.rnrn
rn
4. Поголем клиторис
rnИсто како и пенисите, така и клиторисите имаат различна големина. Иако не е целосно вистинито тврдењето дека колку поголем клиторис имате толку поинтензивен оргазам ќе доживеете, жените со помали клиториси имаат проблеми со оргазмите. Според едно истражување, жените кои многу ретко или никогаш не доживувале оргазам имале помали клиториси од жените со редовни оргазми.rn
5. Клиторис што е поблиску до вагината
rnИстото истражување открило дека клиторисите на жените кои не можеле да доживеат оргазам се наоѓале подалеку од нивните вагини. Но, не е јасно со какви активности овие жени се обидувале да го достигнат врвот, така што можно е откритието да важи само за секс со пенетрација. Друго истражување, објавено во „Клиничка анатомија“ (Clinical Anatomy), открило дека жените чие растојание помеѓу клиторисот и уринарниот отвор изнесува најмногу 2,5 центиметри, имаат поголеми шанси за доживување оргазам за време на сексуалниот однос.rn
6. Феминистички партнер
rnЖените кои веруваат дека мажите се природно подоминантни од нив, но и жените кои имаат доминантни и себични партнери, поретко доживуваат оргазам.rn
7. Анален секс
rnЕден од најнеобичните податоци е тоа што 94% од жените кои имале анален секс за време на нивното последно сексуално искуство доживеале оргазам, во споредба со 65% од оние кои имале вагинален секс и 81% од оние кои имале орален секс. Се прашувате како е тоа можно? Истражувачите нагласуваат дека ова можеби се случува, бидејќи жените кои имале анален секс, исто така имале и вагинален и орален секс.rnrnНекои од овие откритија се сомнителни, а некои од нив се надвор од ваша контрола. Но, доколку вашиот партнер е забавен феминист, дефинитивно нема да погрешите!rnrnПрочитајте ги и следниве 5 чекори до оргазам кој никогаш нема да го заборавите.