КАФЕ ПАУЗА

5 чекори до оргазам кој никогаш нема да го заборавите

Поради начинот на живеење, сè повеќе жени имаат потешкотии при доживувањето оргазам. Но, без него целиот сексуален однос не го овозможува целосното задоволство кое тие можат да го искусат. Токму затоа, погледнете ги следниве 5 совети кои ќе ви помогнат полесно да доживеете оргазам кој уште долго време ќе живее во вашите мисли…rnrn5 чекори до оргазам кој никогаш нема да го заборавитеrn

1. Бидете горе

rnПоголемиот дел од жените потврдиле дека кога се горе почесто доживуваат оргазам за време на сексот. Ова поза го стимулира клиторисот, но и жените подобро можат да го контролираат ритамот со цел да се прилагодат на своите потреби.rn

2. Не размислувајте за секојдневните обврски

rnИако ова е многу полесно да се каже одошто да се направи, поголеми се шансите да доживеете оргазам доколку целосно го ослободите вашиот ум. Обидете се да се опуштите така што ќе легнете во кревет половина час порано од вообичаено. На овој начин ќе се чувствувате помалку исцрпено и полесно ќе можете да се препуштите на уживањето.rn

3. Тргнете од спалната соба сè што ви го одвлекува вниманието

rnКога станува збор за уживање во моментот, многу тешко ќе можете да се опуштите и препуштите во просторија која е пренатрупана со нешта на кои не им таму местото. Исчистете ја вашата соба и претворете ја во засолниште за вас и вашиот партнер.rn

4. Не заборавајте на предиграта

rnМожете многу лесно да го претворите секојдневниот живот во еден вид предигра. Тоа не значи дека ќе мора да се допирате во јавност, туку да смислите креативни и индиректни начини на кои ќе си давате до знаење дека сте подготвени за вечерта. На овој начин вие не само што ќе ја разгорите повторно страста помеѓу вас, туку и ќе се зближите повеќе во секој аспект од вашата врска.rn

5. Обидете се со длабока пенетрација

rnЗа посилен вагинален оргазам ставете една или две перници под вашиот задник, со цел да му овозможите на вашиот партнер да може подлабоко да пенетрира во вас. Исто така секогаш кажувајте му на вашиот партнер што ви се допаѓа и што ви носи уште поголемо уживање.