Следниот период ќе биде одбележан со турбуленции. Полната Месечина ја започнува последната сезона на затемнување оваа година и тоа на 19 ноември кога ќе влезе во знакот Бик.rnrn
rnrnВо астрологијата, полната Месечина означува емотивен и напнат период и ни сигнализира дека е време да им се посветиме на најприоритетните задачи. Затемнувањето на Месечината поттикнува дополнителни промени во нашите секојдневни рутини. Сепак, не дозволувајте промените да ве исплашат. Тие се корисни за вас затоа што ќе ви помогнат да излезете од вашата удобна зона.rnrnПрочитајте во продолжение на кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае затемнувањето на Месечината.rn
Бик
rnКако фиксен знак, не сакате многу промени затоа што ве тераат да излезете од удобната зона. Токму овој период ќе треба да се справите со вашите најголеми предизвици и стравови. Од друга страна, ова е период и кога ќе дојдат до израз вашите успеси. Размислете за сите аспекти на вашиот идентитет како и новите перспективи кои се јавија како резултат на неодамнешните пречки на кои наидовте.rn
Лав
rnЗатемнувањето на Месечината ќе се манифестира врз вашиот јавен живот на начин што ќе се чувствувате ранливо. Ќе почувствувате зголемен притисок на работа, а вашите однесувања ќе бидат со цел да ги исполнат очекувањата на другите. Внимавајте на вашето ментално здравје. Искористете го периодот за да застанете на цврсти нозе и да се стекнете со самодоверба, но и обидете се што помалку да зависите од другите.rn
Скорпија
rnЗа време на ова затемнување треба да обратите внимание на вашиот однос со другите. Од голема важност е длабоко да размислите за нив и директно да се соочите со она што е лошо за вас или што ве повредува. Од друга страна, игнорирањето на овие проблеми само ќе го зголеми вашето страдање. Посветете си повеќе време на себе и сопствените искуства и побарајте поддршка од најблиските за она што ви е особено важно.rn
Водолија
rnОвој период ќе бидете особено чувствителни додека откривате некои работи од вашето минато. Полната Месечина ќе ве охрабри да го исчистите вашето светилиште – домот и приватниот живот, во буквална и метафорична смисла. Време е да се посветите на личниот развој додека преминувате во нова фаза од животот и да се ослободите од сè што е негативно.rnrnОткако прочитавте врз кои хороскопски знаци најмногу ќе влијае затемнувањето на Месечината овој период, можеби ќе сакате да го прочитате и неделниот хороскоп од 15 до 21 ноември.rnrnИзвор: atma.hr