Доколку не се чувствувате задоволни од тоа како ви се развива социјалниот живот и односите со другите, тогаш време е малку да поработите на себе и да ги зајакнете комуникациските вештини. Еве како ќе успеете да бидете поприемчиви и подопадливи за околината.rnrn
rn
Покажете искрен интерес
rnrnЕден од најлесните начини за стекнување симпатија кај останатите е да покажете искрен интерес за нив и она што им се случува. Таква е човековата природа. На секој му е драго кога ќе види дека некој навистина се интересира и сака да дознае нешто повеќе за нивниот живот.rn
Насмевнете се
rnЕдна насмевка може да смени сѐ, особено кога се работи за оставање добар прв впечаток. Намуртеното лице шири само негативна енергија, која воопшто не е привлечна. Затоа, насмевнете се и одете напред со позитивен став!rn
Направете другите да се почувствуваат вредни
rnАко сакате да изградите силни врски со другите, тогаш мора да им покажете дека навистина ви значат. Докажете им дека нивното мислење ви е важно и дека ви е грижа за она што тие имаат да го кажат. Нека разговорот биде повеќе фокусиран на нив и веднаш ќе ја забележите разликата.rn
Слушајте
rnКога еднаш ќе ги усвоите вештините на слушање, автоматски ќе им се допаднете на останатите. Луѓето сакаат да бидат ислушани и да се почувствуваат важни. Но, правете го тоа од срце. Кажете го и сопственото мислење и потоа охрабрете ги и тие дополнително да се отворат.rn
Зборувајте за нивните интереси
rnЗборувајте за интересите на соговорникот, за да и тој/таа се заинтересира за вас. Покажете внимание и едноставно уживајте во она што го кажуваат.rn
Имајте позитивен став
rnРака на срце, никој не сака да биде со личност која постојано зрачи со песимизам. Никој не сака постојано да слуша озборувања и непотребно да се полни со негативна енергија. Па, ако сакате да бидете поприемчиви за другите, тогаш негувајте позитивен став и не се оптоварувајте со животите на другите.rn
Помнете ги имињата
rnПомнењето на имињата на луѓето што ги запознавате и нивната употреба за време на разговорот всушност е многу поважно одошто мислите. Луѓето обожуваат да си го слушаат сопственото име. Тоа им покажува дека навистина ги цените и се трудите да оставите добар прв впечаток.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.