Бананата е една од најважните видови храна во Африка, а во светот за една година се јадат и повеќе од 100 милијарди банани. Таа се наоѓа на 4-тото место во светот, веднаш по оризот, пченицата и пченката, но постојат многу причини зошто таа би требало да биде на првото место. Латинскиот назив за бананата е „Musa sapientum“, што во превод значи „плодот на мудреците“. Погледнете ги и останатите факти кои ни откриваат еден куп здравствени придобивки од ова чудотворно овошје…rnrn
rn
- rn011
- Бананата помага во борбата против депресијата поради високото количество на триптофан кој се претвора во серотонин, хормонот на среќата.
- Витаминот Б6 кој се наоѓа во неа го регулира нивото на шеќерот во крвта и помага при подобрување на расположението и ублажување на симптомите од ПМС.
- Железото во бананата ја зајакнува крвта и помага при лечењето анемија.
- Високото количество на калиум во бананата помага во борбата против високиот крвен притисок и со тоа го штити организмот од срцев и мозочен удар.
- Поради високото количество на пектин, бананата помага при исфрлање на штетните материи од организмот.
- Бананата делува како пробиотик бидејќи помага при развојот на добрите бактерии во цревата.
- Таа исто така произведува и дигестивни ензими кои помагаат при апсорбирањето хранливи материи.
- Високото количество билни влакна помага при нормализација на протокот во цревата.
- Бананата помага при надокнадување на електролитите кои биле изгубени во текот на дијарејата.
- Бананата делува благотворно врз киселините во желудникот, така што ги намалува проблемите од воспалението и го штити ѕидот од оштетувања кои настануваат поради зголемување на желудочната киселина.
- Бананата содржи високо ниво на витамин Б, калиум и магнезиум, па токму затоа го забрзува процесот на одвикнување од цигари.
- Убодите од инсекти кои доведуваат до иритација и чешање можат да бидат отстранети така што ќе го масирате болниот дел со внатрешниот дел од кората на бананата. Овој дел од бананата може да ви помогне и при одржување на сјајот на кожните чевли и торби.
- Скоро сè што му е потребно на човечкиот организам може да се најде во бананата. Доколку пратите тениски натпревари, сигурно сте забележале како најпознатите тенисери јадат банани помеѓу мечовите, бидејќи таа е одличен извор на енергија, а истовремено ги надокнадува и електролитите кои биле изгубени во текот на играта.
- Бананата е идеална храна за бебиња бидејќи не предизвикува алергија, лесно се вари и е добар извор на енергија. Таа е и првиот избор при преминот кон внесување цврста храна во новиот режим на исхрана за бебињата.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Како да избирате банани?
rn
- rn011
- Одбирајте ги бананите според намената. За подготовка на колачиња таа може да биде и позрела, додека пак за консумирање е подобро да е посвежа. Таа е одличен избор за ужина.
- Кога купувате банани изберете ги оние кои се со силна жолта боја ако планирате да ги јадете брзо, но ако ги планирате за наредните неколку дена, можете да ги купите и оние кои се позелени и да ги оставите дома да дозреат.
- Купувајте онолку банани колку што мислите дека можете да искористите пред да презреат.
- Одбирајте банани без кафеави точки и други видливи оштетувања бидејќи тие побрзо скапуваат.
rn011
rn011
rn011
rn
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.