Меркур владее со нашиот ум и секогаш кога е во ретроградна состојба ни дава можност да ги процениме нашите мисли, менталното здравје и нашиот фокус. Меркур е и планета на комуникацијата, така што во оваа фаза можеби ќе треба да го промениме начинот на кој комуницираме со другите, со себе и со светот околу нас.rnrn
rnrnВообичаено Меркур се движи ретроградно три пати годишно, но понекогаш тоа се случува четири пати како на пример во 2022 година. Тоа покажува дека универзумот ни порачува да го намалиме нашето темпо, да размислиме и да го земеме предвид нашето ментално здравје.rnrnОвој прв ретрограден Меркур во 2022 година е совршено време за да ги слушнеме знаците и ритамот на универзумот. Тоа ќе ни овозможи и полесно да се поврземе со нашата потсвест и интуиција. Ова е одлично време да се фокусираме на нашите соништа бидејќи честопати тие се портал за нашата потсвест.rnrnКако што Меркур ќе се движи ретроградно низ Водолија од 14 до 27 јануари, нашиот фокус ќе биде насочен кон нашите ментални процеси. Под негово влијание ќе го преобликуваме начинот на кој размислуваме.rnrnНашите мисли се толку моќни па ова е можност да разбереме што ни зборуваат тие и како тие можеби нè спречуваат или ни помагаат да продолжиме напред. Искористете го ова време за да обратете внимание на дијалогот во вашиот ум и на она што се обидувате да го кажете. Дали вашите мисли се усогласени со мноштвото прилики или постојано сте окупирани со мисли кои ве тераат да се повлечете?rnrnРетроградното движење на планетите не е момент за одење напред туку е време за пауза и размислување. Доколку моментално не се чувствувате инспирирани или можеби сте уморни повеќе од вообичаеното, знајте дека можеби го чувствувате влијанието на ретроградната енергија.rnrnНаместо да се борите со неа, искористете ја за да се фокусирате на себе и да го пронајдете својот мир. Не мора да си вршите притисок кога станува збор за поставување на вашите цели бидејќи ќе имате можност за тоа во текот на целата година.rnrnОткако прочитавте што ќе ни донесе ретроградното движење на Меркур на 14 јануари, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат најсреќните денови во јануари 2022 година.rnrnИзвор: atma.hr
Ретрограден Меркур на 14 јануари: Поврзете се со интуицијата
