КАФЕ ПАУЗА

Неколку хобија кои ќе ви помогнат да ја намалите анксиозноста

Written by

in

,

За жал, ниту еден човек не е имун на анксиозноста. Таа не врши дискриминација според пол, сексуална ориентација, финансиски статус, возраст или што било друго. Факт е дека животот е непредвидлив за сите и дека одвреме-навреме анксиозноста ненадејно се појавува. Наместо да дозволите таа да излезе од контрола, подобро е да научите да се справите со неа, а покрај другите техники кои можеби досега сте ги научиле, постојат и неколку хобија кои може да бидат исклучително корисни во ова. Еве за кои поточно станува збор.rnrnНеколку хобија кои ќе ви помогнат да ја намалите анксиозностаrn

Сликање и пишување

rnАко почнете да се чувствувате вознемирени, тогаш подобро е да се оддалечите од социјалните мрежи и да се посветите на уметникот кој се крие во вас. Исклучете се од Фејсбук, Твитер, Инстаграм и обидете се да правите нешто креативно. Почнете да цртате додека во позадина слушате музика која ќе ве релаксира, а исто така можете и да пишувате.rn

Читајте или гледајте телевизиски емисии

rnЕден од најдобрите начини да го одвлечете вниманието од вашите сопствени грижи, е да го пренасочите вашиот фокус кон грижите на другите, без разлика дали тие проблеми се реални или измислени. Така, одвојте време за да прочитате некоја книга или да гледате некоја серија или филм, па одреден период да се изгубите во приказните на другите.rn

Поминувајте време на отворено

rnСо самото тоа што ќе поминувате време во природа, на некој начин вие ќе се ослободувате од анксиозноста. Докажано е дека свежиот воздух и сончевата светлина го подобруваат расположението, па без разлика дали ќе изберете прошетка, возење велосипед или друго хоби на отворено, вие секако ќе имате огромна корист. Па, не дозволувајте временските услови да ве спречат да уживате во многуте активности на отворено!rnrnНеколку хобија кои ќе ви помогнат да ја намалите анксиозностаrn

Хобија кои го смируваат вашиот ум

rnГолем дел од управувањето со анксиозноста значи учење како да се справите со хаосот во вашата глава. Таквите хобија, како што се јога, медитација и слично, ќе ви помогнат да останете свесни кога ќе почувствувате дека вашиот ум го напаѓаат мисли кои ве вознемируваат.rn

Вежбање

rnНе е тајна дека вежбањето помага при справување со анксиозноста, но, не секој е мотивиран да го практикува тоа. Па, ако не уживате во вежбањето и сметате дека тоа повеќе ве измачува отколку што ве смирува, тогаш можеби е подобро да се обидете да вежбате со вашите пријатели, да се запишете на фитнес часови или танцување при што ќе бидете возбудени за да отидете.rn

Практикувајте активности за подобрување на самите себе

rnТешко е да поставите рамнотежа помеѓу работата, слободното време, грижата за себе и дружењето со најблиските. Сепак, ако сакате да се изборите со анксиозноста, треба да се обидете да најдете барем малку време и да се посветите на самите себе. Одлучете кои активности ве исполнуваат и ве прават среќни, па фокусирајте се на нив. Без разлика дали е тоа учење некоја нова вештина, нов јазик, подобрување во готвењето и слично, со самото тоа што ќе трошите повеќе време и енергија да се подобрите самите себе, вие ќе го одвлечете вниманието од она што ја поттикнува вашата анксиозност.