Доколку не сте од оние луѓе кои уживаат во теретаната и во групните вежбања, тогаш истражувањето за најдобрите запоставени начини да го затегнете вашето тело од научниците од Харвард ќе ви измамат насмевка на лицето.rnrn
rn
1. Пешачење
rnНајновата студија од овој престижен универзитет открива дека пешачењето со своите здравствени придобивки за целиот организам го надминало и пливањето. Во посебен здравствен извештај кој го објавува Медицинското училиште на Универзитетот Харвард, под името „Почнуваме да вежбаме“, професорот И-Мин-Ли наведува дека тоа е најдобро за отстранување на вишокот килограми, за изградба на мускули, за зајакнување на коските и за здравјето на срцето и мозокот. Професорот Ли исто така вели дека 30-минутно секојдневно пешачење има големо влијание врз функционирање на мозокот и особено го зајакнува делото кој е одговорен за губење на помнењето, а помага и при депресијата.rn
2. Пливање
rnКај пливањето работат сите мускули во телото, тоа го намалува стресот и не е агресивно, па е најдобро за луѓето кои имаат послаби зглобови. Професорот Ли препорачува 30-минутно секојдневно пливање, доколку се борите со голема количина стрес или депресија.rn
3. Таи Чи
rnОваа смирувачка техника за опуштање е совршена за концентрацијата, а ќе ги намали и сите тензии во телото. Иако е најпопуларна во Азија, сѐ повеќе се применува и кај западноевропските вежбачи, а се препорачува и на старите личности за да ја поправат рамнотежата.rnrn
rn
4. Вежби за сила
rnВежбите со сопственото тело и додаток на тегови се најдобри доколку сакате да ослабете и да имате совршено обликувана фигура. Со ваквите тренинзи телото ќе стане посилно и автоматски помалку склоно кон повреди. Пожелни би биле два тренинзи на сила во текот на една недела. Ако на пример се занимавате со трчање, објаснува д-р Ли, ваквите тренинзи ќе го намалат ризикот од повреди за 30%.rn
5. Вежби за затегнување на задникот
rnВежбите за јакнење на мускулите на задникот треба да се прават почесто како што старееме. Професорот Ли ги препорачува овие вежби 5 пати на ден. Доволно е да ги стегнете мускулите на задникот на две или три секунди, па да ги опуштите. Повторете 10 пати.rnrnДоколку барате ефикасни начини да го трансформирате вашето тело, тогаш погледнете ги овие вежби со кои ќе го трансформирате вашето тело.