Повеќето луѓе сметаат дека лимоните се феноменални за здравјето, кожата и косата. Сепак, дури и оваа исклучително корисна состојка може да биде придружена со несакани ефекти!rnrn
rnrnНа пример, ако испиете премногу сок од лимон во текот на еден ден, шансите дека потоа ќе имате раздразнет стомак се многу големи.rnrnНашиот организам е во состојба да свари сè одеднаш, а тоа го прави стомакот кисел подолго време. Ова значи дека мукозните мембрани на дигестивниот систем се иритирани, а тоа може да доведе до болки во стомакот.rnrnГастроезофагеалната рефлуксна болест е исто така позната како киселински рефлукс, а лимонот е една од состојките одговорни за ваквата состојба. Киселината во овошјето може да го ослабне долниот езогагелен сфинктер (мускул што го одделува желудникот од хранопроводот) и да стимулира производството на киселина во желудникот што може да ја иритира мукозната мембрана на хранопроводот. Оваа состојба може да резултира во чир на желудникот.rnrnНекои од симптомите се гадење, регургитација (неволно враќање на желудочна содржина во хранопроводот и фаринксот), повраќање, болка во градите, болки во грлото…rnrnДруг несакан ефект од ова овошје е тоа што помага при формирањето на камења во бубрезите или жолчното ќесе.rnrn
rnrnПрекумерната употреба на лимони може да предизвика вашите дигестивни органи да апсорбираат премногу железо, со што големо количество непотребно железо да се акумулира во организмот. Оваа висока концентрација на железо на крајот може да доведе до болест како што е хемохроматозата.rnrnЛимонската киселина произлегува од високата концентрација на витамин Ц во лимонот. Тоа го прави ова овошје природен диуретик, но исто така ја зголемува и потребата од мокрење.rnrnИстражувањата покажале дека лимонот може да биде една од најчестите причинители на мигрена или главоболки, бидејќи содржи значителна количина аминокиселини.rnrnКонсумирањето сиров лимон или пиењето чист сок од лимон може директно да ги оштети вашите заби. Лимонската и аскорбинската киселина, кои се наоѓаат во лимонот предизвикуваат сериозно оштетување на забната глеѓ. Ова може да доведе до промени на бојата на забите, но и нивно расипување.rnrnМногумина користат сок од лимон за разубавување на кожата, но во лето тоа не е толку препорачливо бидејќи може да предизвика изгореници. Користењето на сок од лимон при миењето на косата е дефинитивно добра идеја, но не треба да претерувате за да не ја направите косата премногу сува.rnrnМожеби сакате да ги дознаете и 5-те причини зошто треба да јадете манго.
Во овие ситуации лимонот станува опасен по здравјето!
