Доколку сакате да пробате нов рецепт со тиквички ви предлагаме да подготвите полнети тиквички со колбас, рикота и спанаќ. Секако, ако не сте љубители на месо, можете да го замените колбасот со варен грашок и да уживате во ова вкусно јадење.
rn
Потребни состојки:
rn
- rn 011
- 3 поголеми тиквички
- 350 грама печеница или свежи колбаси
- 400 грама свеж спанаќ
- 4 чешниња лук
- 2 лажици маслиново масло
- 200 грама рикота
- 150 грама пармезан
- 150 грама моцарела
- 1 јајце
- сол, бибер, босилек, црвен пипер
- 1 тегла сос од домати или Arrabiata сос
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rn1. Добро измијте ги тиквичките и тенко исечете ги по должина. Наредете ги во сад за печење и покријте ги со хартија за да се ослободи вишокот течност. Оставете ги околу 20 минути.
2. Подгответе го филот. Ставете ги колбасите во тава и пржете ги на тивок оган. Извадете ги колбасите од тавата и додадете лук и спанаќ. Пржете околу пет минути.
3. Во садот со колбасот додадете ги приготвениот спанаќ, моцарелата, рикотата, пармезанот и јајцето. Зачинете со сол, бибер, босилек и црвен пипер.
4. Отстранете ја хартијата од парчињата тиквички и соберете го вишокот течност. Врз секое парче тиквичка нанесете фил и внимателно завиткајте ги парчињата во ролна.
5. Во сад за печење ставете сос од домати или arrabbiata сос, наредете ги тиквичките, посипете со моцарела и печете околу 25 минути на температура од 200 степени целзиусови. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот рецепт за полнети тиквички, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за печени тиквички со сирење и ракчиња.
Извор: punkufer.dnevnik.hr

