КАФЕ ПАУЗА

Заштитете се: Кои лозинки во 2016-та година биле најлесни за пробивање?

Што се однесува до технологијата, претходната година се забележани многу хакирања, како на приватни профили, така и на големи компании и државни администрации. Сепак, иако не можете лесно да ги запрете врвните хакери, потребно е да направите сѐ што е во ваша моќ за да им ја отежните работата.rnrnЗаштитете се: Овие лозинки се најмногу хакирани во 2016-та годинаrnrnКомпанијата „Keepr“ која е специјализирана за сајбер-заштита, објавила студија која покажува кои се највообичаените лозинки на корисниците и кои најлесно може да бидат пробиени, без помош од некои напредни програми. Нивниот тим анализирал над 10 милиони лозинки од различни профили на социјалните мрежи, веб-сајтовите и електронските пошти, така што со сигурност може да се заклучи дека нивните резултати се веродостојни. Имено, вообичаената лозинка „123456“ е виновна за дури 17% од сите пробиени приватни профили ширум светот.rn

Која апликација е моментално најсигурна за заштита?

rnСпоред најновите истражувања, апликацијата која може да ви овозможи максимална заштита за време на комуникацијата преку вашиот мобилен телефон е Biocoded, бидејќи експертите од оваа компанија успеале да направат најголема можна заштита за вашите податоци. Таа поседува двоен заштитен протокол кој ви овозможува целосна безбедност,  а исто така е проверена и одобрена од страна на независни безбедносни агенции. Додека ја користите оваа апликација, вашите пораки и повици се енкриптирани, а најинтересната опција што ја овозможува е криптираната „групна комуникација“ и временски ограничените пораки кои сами се уништуваат. Сите податоци кои ги праќате или ги разменувате во рамките на оваа апликација, целосно се заштитени и никој не може да им пристапи, дури и доколку ви го украдат телефонот.rnrnЕдвард Сноуден ја препорачува Signal како апликација која нуди најголем степен на сигурност на податоците. Меѓутоа, со појавата на апликацијата Biocoded, таа добила реална конкуренција, а можеби и ја изгубила водечката позиција, затоа што Biocoded нуди подобра заштита, што потврдува и фактот дека безбедносните сили на некои земји ја користат за интерна комуникација. На тој начин секој корисник на апликацијата има најголема можна заштита на податоците на својот телефон и во комуникацијата преку Интернет. Signal е достапна за сите мобилни уреди (Android, iOS, Windows).rnrnЗаштитете се: Овие лозинки се најмногу хакирани во 2016-та годинаrnrnОва се 25-те највообичаени лозинки кои најлесно може да бидат пробиени. Проверете дали и вашата се наоѓа меѓу нив и ако е на оваа листа, веднаш сменете ја за да се заштитите.rnrn1. 123456rnrn2. 123456789rnrn3. qwertyrnrn4. 12345678rnrn5. 111111rnrn6. 1234567890rnrn7. 1234567rnrn8. passwordrnrn9. 123123rnrn10. 987654321rnrn11. qwertyuioprnrn12. mynoobrnrn13. 123321rnrn14. 666666rnrn15. 18atcskd2wrnrn16. 7777777rnrn17. 1q2w3e4rrnrn18. 654321rnrn19. 555555rnrn20. 3rjs1la7qernrn21.googlernrn22. 1q2w3e4r5trnrn23. 123qwernrn24. zxcvbnmrnrn25. 1q2w3ernrnСакате да станете гуру за лозинки? Прочитајте како да имате максимална заштита на вашите профили!