Во четвртиот месец од бременоста, Криста Дејвис и нејзиниот сопруг, Дерек, дознале тажна вест. Нивната неродена ќерка била дијагностицирана со аненцефалија – тешка вродена малформација поради која фетусот се развива без дел од мозокот. Во случајот на Рајли Аркадје Ловет, како што ја именувале нејзините родители, мозокот бил толку слабо развиен што докторите им дале две опции – Криста можела да ја прекине бременоста веднаш или пак, да почека до терминот на породување за органите на ќерка ѝ да се доразвијат и потоа да ги донира на бебињата на кои би можеле да им помогнат.rnrn
rnrnНа Криста не ѝ требало време да ја донесе правилната одлука, според неа.rn
„Кога јас не можам да го одведам моето дете дома, одлучив да им дадам шанса на другите мајки да го сторат тоа“, изјавила оваа храбра мајка.
rnТаа ја носела уште пет месеци во себе, давајќи ѝ доволно време да порасне и нејзините органи да се развијат до крај. Во текот на целата бременост, докторите ја подготвувале Криста за неизбежното, односно за тоа дека Рајли би можела да поживее само околу половина час по породувањето, но девојчето успеала да издржи цела недела.rn
„Не можам да ви опишам колку неверојатно чувство беше тоа. Јас мислев дека ќе имам само половина час со моето дете, но добив цели седум дена“, објаснува таа.
rnКако Рајли да сакала да ѝ се заблагодари на мајка си што одлучила да ја задржи до самиот крај. Во текот на таа недела, родителите постојано биле со неа.rn
„Не би го сменила тоа време за ништо на светот“, напишала Криста во објавата на Фејсбук страницата што ја посветила на нејзината ќерка.
rnПо смртта, Рајли поминала низ операција, но поради изгубениот кислород, само дел од нејзините органи биле спасени.rn
„Ни кажаа дека срцевите залистоци беа искористени за да се спасат други две бебиња, а белите дробови ги искористиле за истражување на аненцефалијата“, додава Криста којашто во моментов трпи неизмерна болка, но сепак е среќна затоа што други мајки во своите раце држт дел од нејзината Рајли.
rnДо сите нови мајки: Дознајте зошто НЕ СМЕЕТЕ да дозволите да го бакнуваат вашето новороденче!
