Станува збор за едноставни прашања кои многу значат. Погледнете кои се работите што треба да ги дознаете за потенцијалниот партер уште на првиот состанок. Среќно!
rn
Што отсекогаш си сакал да направиш?
rnВака ќе почувствувате кои се интересите на личноста. Ако тој одговори дека би сакал да живее на планина, а вие во себе знаете дека и не сте баш толку авантуристичен тип, ќе сфатите како би оделе работите во иднина. Навистина важно прашање што може да биде голем показател за понатамошното развивање на врската.rn
Дали некогаш си бил многу повреден?
rnАко никогаш не бил повреден можеби тоа значи дека не се зближувал премногу со девојките со кои досега излегувал. Ако тоа е така, треба да размислите уште еднаш дали треба да му дадете шанса.rn
Колку траела твојата најдолгата врска?
rnАко одговори две години, ќе знаете дека станува збор за сериозен и посветен човек. А, ако пак одговорот е само неколку месеци, можеби треба да бидете малку повнимателни.rn
Кога раскина?
rnАко само пред неколку недели раскинал со девојката и сега се обидува да биде сериозен со вас, подобро размислете. Можеби во вас гледа само една огромна утеха.rn
Каде се гледаш за 5 години?
rnОдличен тест за идните случувања. Ако одговори дека за 5 години се гледа заедно со девојката од соништата, која случајно многу наликува на вас и истовремено е успешно вработен, тоа е тоа. Но, ако одговорот е луда забава, пиење и жени, подобро не си замислувајте успешна романтична врска.

