Сите добро знаеме дека скапите креми за убавина, гелови и серуми не секогаш се најдобрата опција кога станува збор за одржување на младешкиот изглед, а да бидеме искрени, тие се скапи па дури и токсични за кожата и телото. Затоа решивме да ви споделиме совети за спречување на брчките кои се сосема здрави и нема да остават никакви штетни последици.rnrn
rn
Внесувајте здрави масти
rnДали знаевте дека еден од најдобрите начини да ја спречите појавата на брчките е преку внесувањето здрави масти? Тие се неопходни за производство и одржување на нивото на колаген во организмот, а токму колагенот придонесува за здравиот изглед на клетките. Авокадо, бадеми, ореви, маслиново масло, кокосово масло, коноп, чиа, лен, лосос се само дел од намирниците кои изобилуваат со здрави масти. Почнете почесто да ги консумирате овие состојки, а подобрувањата на кожата ќе бидат видливи за само неколку недели.rn
Спијте доволно
rnКолагенот всушност се произведува ноќе, додека спиете, па затоа сонот е од суштинско значење за неговото правилно производство. Од друга страна, недостатокот на сон придонесува и за развој на депресија и разноразни заболувања. Осигурете се дека спиете доволно за да можете на најлесен начин да се изборите со брчките, но исто така обидете се и да бидете колку што е можно помалку време под стрес.rn
Обидете се да го контролирате стресот
rnСтресот го разградува колагенот во кожата, па оттука лесно може да се заклучи дека еден од наједноставните начини за спречување на појавата на брчки е токму регулацијата на стресот. Прошетки во природа, јога, медитација, читање, пауза од социјалните мрежи, разговор со пријател, шолја кафе или чај – сето ова може да ви помогне да го ставите стресот под контрола.rn
Внесувајте повеќе антиоксиданси
rnНаместо мени преполно со калории и нездрави состојки, фокусирајте се на здрава исхрана која се одликува со многубројни придобивки. Морковите, доматите, какаото, авокадото, лимонот, јаткастите плодови се само дел од намирниците кои можете да ги најдете во кое било време, а се богат извор на антиоксиданси. Ќе видите дека за кратко време вашата кожа ќе блеска!rn
Користете сатенски навлаки за перници
rnМожеби спиењето на памучни чаршафи изгледа сосема безопасно, но факт е дека може да придонесе за појавата на брчки. Наместо памучни, почнете да користите сатенски навлаки кои се помеки и ќе го видите ефектот за само неколку дена.rn
Внесувајте доволно количество вода во организмот
rnИзбегнувајте го кофеинот доколку сакате на природен начин да се ослободите од брчките. Сепак, доколку не можете без него, тогаш зелениот чај е опција која можете да ја земете предвид, но избегнувајте го кофеинот од кафето и црниот чај. Но, најдобриот пијалак кога станува збор за здравјето на кожата е токму водата бидејќи ја помага хидратацијата на клетките и на природен начин ги спречува брчките.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за природно спречување на појавата на брчки, можеби ќе сакате да прочитате и кои 11 намирници треба да ги избегнувате ако сакате мазна кожа без брчки.rnrnИзвор: allwomenstalk.com