КАФЕ ПАУЗА

11 намирници што треба да ги избегнувате ако сакате мазна кожа без брчки

11 намирници што треба да ги избегнувате ако сакате мазна кожа без брчки

Некои од вашите омилени здрави и брзи закуски, како што се смудито и сувото овошје, всушност можат да ѝ наштетат на кожата и да го забрзаат процесот на стареење. Ова се должи на некои не толку убави состојки, како големи количини шеќер, натриум и сулфати, кои можат негативно да влијаат на телото. Погледнете го овој список со намирници што треба да ги избегнувате ако сакате да го забавите процесот на стареење на кожата.rn

1. Конзервирани супи

rn11 намирници што треба да ги избегнувате ако сакате мазна кожа без брчкиrnrnКонзервираните супи се полни со натриум. Натриумот ја апсорбира водата во организмот и може да предизвика дехидратација. Конзервираната супа може да содржи повеќе од препорачаниот дневен внес на натриум. Поради високото ниво на натриум, може да чувствувате поголема дехидрираност. Ова може да влијае на кожата бидејќи станува посува и подложна на брчки.rn

2. Овошно смуди

rn11 намирници што треба да ги избегнувате ако сакате мазна кожа без брчкиrnrnИ покрај тоа што изгледа како здрава закуска, смудито е всушност преполно со шеќер. Јадењето премногу шеќер е поврзано со здравјето на кожата бидејќи влијае на вашиот колаген и на структурата на кожата. Колагенот е важен за заштита на вашата кожа и за одржување на еластична и млада кожа.rnrnАко пиете премногу смуди, со текот на времето, може кожата да изгледа нееластична и помалку мека, сето тоа поради овошните шеќери.rn

3. Енергетски пијалаци

rn11 намирници што треба да ги избегнувате ако сакате мазна кожа без брчкиrnrnИако овие пијалаци можат да бидат многу корисни за секој што има потреба од дополнителен енергетски поттик, тие всушност можат да ја оштетат вашата кожа. Енергетските пијалаци се полни со шеќер и со кофеин, а тие се штетни за вашата кожа.rnrnГолемата количина шеќер може да влијае на вашето здравје на колагенот, додека кофеинот ќе ве дехидрира вас и вашата кожа. Ова ја прави вашата кожа ранлива на оштетувања и брчки.rn

4. Пржена храна

rn11 намирници што треба да ги избегнувате ако сакате мазна кожа без брчкиrnrnОваа храна не само што е штетна за вашето здравје, туку и прави да изгледате постаро. Пржената храна ги зголемува воспалителните соединенија во вашиот организам. Тоа значи дека вашата кожа може да биде поранлива на надворешното оштетување од сонцето, што може да ја направи збрчкана.rn

5. Растително масло

rn11 намирници што треба да ги избегнувате ако сакате мазна кожа без брчкиrnrnНамалување на количината на растително масло што го користите може да ѝ помогне на вашата кожа. Бидејќи маслото е полно со трансмасти, тоа всушност предизвикува воспаление, што значи дека вашата кожа е поподложна на оштетувањата предизвикани од УВ-зраците. Ова може да предизвика појава на брчки и старечки дамки бидејќи вашата кожа не може да се заштити правилно.rn

6. Сушено овошје

rn11 намирници што треба да ги избегнувате ако сакате мазна кожа без брчкиrnrnСушеното овошје може да доведе до стареење на кожата затоа што е полно со сулфати. Сулфатите го зголемуваат нивото на слободни радикали во вашето тело. Овие слободни радикали ги оштетуваат клетките, ДНК и протеините, што доведува до предвремено стареење во форма на брчки, бидејќи тие го напаѓаат колагенот.rn

7. Оризови галети

rn11 намирници што треба да ги избегнувате ако сакате мазна кожа без брчкиrnrnОризовите галети имаат висок гликемиски индекс. Во суштина, ова значи дека тие се разградуваат во организмот на ист начин како шеќерите. Големата количина шеќери во вашиот организам го намалува колагенот и може да ги зголеми знаците на стареење.rn

8. Маргарин

rn11 намирници што треба да ги избегнувате ако сакате мазна кожа без брчкиrnrnПрво се сметаше дека е поздрав од путерот, но всушност, во него има штетни полинезаситени масти. Јадењето премногу маргарин може да биде штетно за вашата кожа поради овие масти и може да изгледа сува и со повеќе брчки. Сепак, би можеле да јадете маргарин кој не содржи трансмасти, но не треба да го јадете во големи количини.rn

9. Тестенини

rn11 намирници што треба да ги избегнувате ако сакате мазна кожа без брчкиrnrnПреработените јаглехидрати, како тестенини, бел ориз и леб може да бидат штетни за вашата кожа затоа што може да го оштетат колагенот. Сите тие имаат голем ефект врз нивото на шеќер во организмот. Ова значи дека вашата кожа може да биде помалку еластична и збрчкана.rn

10. Агаве сируп

rn11 намирници што треба да ги избегнувате ако сакате мазна кожа без брчкиrnrnОваа замена за мед е всушност многу богата со фруктоза, што може да предизвика оштетување на клетките, воспаленија, појава на брчки и други знаци на стареење на вашата кожа, како што се старечките дамки.rn

11. Овошен јогурт

rn11 намирници што треба да ги избегнувате ако сакате мазна кожа без брчкиrnrnОваа вкусна ужина не е толку корисна колку што мислите. Овошните јогурти содржат голема количина шеќер, а шеќерот ги оштетува аминокиселините во колагенот и во еластинот, а тоа може да предизвика појава на брчки и предвремено стареење.rnrnПрочитајте кои намирници го исфрлаат вишокот течности од телото и го намалуваат крвниот притисок.