Уметноста на ноктите отсекогаш било нешто со кое поголемиот дел од девојките се опседнати. Има нешто посебно во создавањето дезени на ноктите со што овој вид уметност е толку заразен. Без разлика дали вие самите ќе ги дизајнирате вашите нокти, или пак ќе се обратите во некој козметички салон, добро средените нокти се секогаш добар извор на поголема самодоверба. Оваа зима, додека вие се топлите во вашиот омилен џемпер, зошто не ги облечете и вашите нокти во истата модна комбинација? Ви претставуваме неколку интересни идеи по кои ќе станете опседнати и ќе посакате веднаш да ги испробате.rnrn
rn
1. Заронете во морското синило
rnИма нешто во оваа морско сина боја која нè асоцира на некој софистициран, но и топол зимски изглед. Дезенот на плетен син џемпер на вашите нокти е одличен избор доколку сте во потрага по нешто кое е комбинација од прекрасно, жестоко и забавно.rnrn
rn
2. Ледено и матирано
rnОвој матиран дезен е најубавото нешто што сте го виделе. Мат финишот помага во постигнувањето на тој луксузен изглед, но и самите бои се толку убави што би можеле да ги носите и како вистински џемпер.rnrn
rn
3. Едноставно и вообичаено
rnОвие нокти изгледаат како вистински џемпер кој повеќето од вас би го носеле секојдневно. Овој маникир е толку сладок и едноставен, а друга голема предност е тоа што ќе можете лесно да го вклопувате со речиси сите ваши зимски модни комбинации.rnrn
rn
4. Принтови од зимски џемпери
rnДоколку сметате дека овие нокти треба да бидат дел од вашето секојдневие или пак, дека вашите уметнички вештини се на поголемо ниво, тогаш ви предложуваме да ги украдете вообичаените принтови од зимските џемпери. Ова можеби не е точната форма на овој тренд, но сепак ќе привлече погледи и ќе предизвика восхитување од страна на останатите.rnrn
rn
5. Смирени, крем нокти
rnОбожавате крем нокти? Тогаш со сигурност ќе сакате да го вклучите и овој дезен во нив. Овој маникир можете да го направите со која било крем нијанса, но наш предлог е да споите повеќе од нив, односно да направите занимлив омбре ефект!rnrn
rn
6. Слатки пастелни џемпери
rnЗа сите оние кои сакаат нешто понежно и поженствено, но сепак мислат дека претходниот вид на нокти се премногу досадни, секогаш може да се создаде нежен изглед со тоа што ќе се изберат пастелни бои. Овие слатки пастелни џемпери на вашите нокти ќе изгледаат како нешто во кое веднаш ќе се заљубите!rnrn
rn
7. Шарено и празнично
rnЕве уште еден шарен дезен за сите оние што сакаат прекрасни бои на нивните нокти. Овој празничен изглед со сигурност ќе им го обезбеди потребното празнично чувство и атмосфера на сите што ќе го понесат.rnrn