КАФЕ ПАУЗА

7 совети за подобрување на вашите комуникациски вештини!

7 совети за подобрување на вашите комуникациски вештини!

Written by

in

,

Дали сакате да ги подобрите вашите комуникациски вештини? Без разлика дали понекогаш ви претставува вистински проблем да ја пренесете вашата порака или само сакате да бидете подобар слушател, сметаме дека ќе ви бидат корисни овие совети.rnrn7 совети за подобрување на вашите комуникациски вештини!rnrnНо, најпрвин да разјасниме што претставува „ефективна комуникација“. Ефективната комуникација е процес на размена на идеи, мисли и информации на јасен, прецизен и лесно разбирлив начин за слушателот или публиката. Тоа вклучува не само ефикасно зборување и пишување, туку и внимателно слушање и разбирање на перспективата на другата личност.rnrnЕфективната комуникација може да биде клучен елемент за градење посилни односи и избегнување на недоразбирања или конфликти. Во продолжение ви споделуваме неколку совети за подобрување на вашите комуникациски вештини.rn

1. Бидете внимателен слушател

rnВежбајте така што ќе им посветите целосно внимание на другите кога тие зборуваат, на начин што ќе воспоставите контакт со очите, ќе поставувате релевантни прашања и ќе давате повратни информации за да покажете дека разбирате.rn

2. Зборувајте јасно

rnЗабавете го говорот, изговарајте ги полека зборовите и зборувајте со соодветна јачина. Кога ќе научите да комуницирате подобро преку појасен говор, на другите ќе им биде полесно да ве разберат.rn

3. Контакт со очи

rnГледајте ги луѓето во очи кога зборувате за да изградите доверба, да покажете искреност и да го задржите вниманието. Контактот со очи е моќен, но едноставен начин да ги подобрите комуникациските вештини.rn

4. Користете го говорот на телото

rnНасмевнете се, кимнете со главата во знак на согласност и користете соодветни гестови за да го засилите вашиот говор и да им покажете на другите дека сте вклучени во разговорот.rn

5. Поставувајте прашања од отворен тип

rnНаместо прашања со да/не одговори, поставувајте прашања кои почнуваат со „што“, „зошто“ или „како“ за да го поттикнете соговорникот на разговор.rn

6. Покажете емпатија

rnСтавете се на местото на другите размислувајќи за нивните чувства и перспективи. Ова покажува дека се грижите и ја поттикнува отвореноста и искреноста во разговорот.rn

7. Бидете прецизни

rnПреминете на поентата, избегнувајте ги непотребните зборови за максимално да ја искористите секоја можност да зборувате. Прецизната комуникација е знак за самодоверба и ефикасност, а тоа се клучните елементи на ефективните комуникациски вештини.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за подобрување на вашите вештини, можеби ќе сакате да прочитате и на кој начин можете да ги развиете вашите интуитивни вештини.rnrnИзвор: themindsjournal.com