Мажите сакаат да звучат добро на првиот состанок, исто како и жените. Иако повеќето од нив на почетокот зборуваат чесно и отворено, некои мажи едноставно мислат дека ќе биде подобро ако лажат или ако ги разубавуваат работите. Погледнете за што лажат мажите на првиот состанок.rnrn
rn
Финансиска состојба
rnБез разлика дали сакаат да го признаат тоа или не, жените најчесто им судат мажите според финансиската состојба и способноста да се грижат за семејството. Токму поради тоа, мажите често имаат тенденција да лажат за својата заработка или да се фалат со автомобили, со часовници или со сличен имот за да ја импресионираат потенцијалната партнерка.rn
Станбено прашање
rnАко признае дека живее со цимерот или со родителите уште на првиот состанок, тоа нема многу да ве воодушеви. Тој најверојатно ќе рече дека живее сам, а својот цимер ќе го нарекува пријател на кого му прави услуга да преспие кај него неколку дена.rn
Излегување со други жени
rnОва е навистина една од најчестите лаги на првиот состанок. Секако дека нема да ви каже дека пред некој ден на вашето место имало друга девојка затоа што не сака да се претстави како женкар.rn
Фитнес навики
rnСлушнал дека стомачните мускули кај мажите ви се слаба точка, па може да ве излаже дека штотуку започнал да работи на нив, петпати неделно, во теретана (каде што најверојатно не е ни зачленет).rn
Последно раскинување
rnАко изневерил или направил нешто слично во претходната врска, веројатно тоа нема да го дознаете толку брзо, особено на првиот состанок.rn
Вистинските намери со вас
rnМожеби тој навистина сака да има стабилна врска со вас, а можеби го кажува тоа само за да ве однесе во својот кревет. Тешко е да ги знаете неговите намери, особено ако не го познавате од порано.rnrnПрочитајте и кои мажи се најдобри според хороскопските знаци.