Сигурно имате слушнато за многу работи кои се добри, но и за работи кои се лоши за вашата кожа. Доколку сакате да дознаете нешто повеќе кога станува збор за продуктите за убавина, погледнете кои се најдобрите и најлошите состојки за вашата кожа.rnrn
rn
Што е најдобро?
rnИако вистинско искушение е да верувате дека една листа состојки е одлична за сите, вистината е дека секој има различни потреби. Разните видови кожа реагираат различно на разните продукти за кожа и нивните елементи. За да избегнете потенцијални иритација или појава на акни, најпрво треба да откриете што е добро за вашата кожа. Ова можете да го направите сами или со помош на дерматолог.rnrnКога станува збор за основа на шминка, оние со мрсна кожа и кожа склона кон акни би требало да се држат до минералните пудри или оние без масла. Доколку имате чувствителна кожа, користете заштитни креми од сонце со минерални состојки.rn
Што да избегнувате?
rnПостојат два вида реакции на кожата што можат да произлезат од козметиката. Првата е алергиска реакција кога вашиот систем одговара на некоја состојка. Втората е иритација која состојката ја предизвикува директно на кожата, со тоа предизвикувајќи и воспаление.rnrnКонзервансите и парфемите се најчестите причинители на алергии на кожата. Некои конзерванси, како парабените, почесто предизвикуваат алергија за разлика од другите. Ако имате проблем со алергии, постојат продукти без парабен, па секогаш можете да побарате алтернатива. Ако имате чувствителна кожа, или сте имале алергии во минатото, држете се до производи без парфем.rnrnВажно е да знаете дека понекогаш и најдобрите состојки можат да предизвикаат иритација доколку имате одредена алергија. Па ако некој продукт ви предизвикува црвенило, горење, печење или иритација, веднаш престанете да го употребувате.rn
Заклучок
rnПрвиот чекор што треба да го направите за да ги одберете најдобрите продукти за нега на вашата кожа е да дознаете што има во вашите продукти. Одберете бренд којшто е транспарентен за состојките во нивните продукти. Вашата кожа секогаш го заслужува најдоброто.rnrnПогледнете и кои продукти ќе ви помогнат да се справите со брчките.
