Кажувањето „Те сакам“ е можеби најлесниот начин да му покажете некому да се грижите за него, но тоа не е единствениот начин. Кога станува збор за искажување на емоциите, секоја индивидуа е различна. Кај некои доминираат зборовите, додека пак кај други делата и гестовите. Начинот на кој вашиот сакан ја искажува љубовта може да не биде ист како вашиот, па тоа може да направи да се чувствувате анксиозно и несигурно. Па, ако сакате да се осигурите дека тој има чувства за вас, погледнете ги следниве знаци што укажуваат на тоа.rn
1. Тој ве слуша како ваш личен дневник
rn
rnrnАко вашиот партнер е подготвен да ве слуша и да ве утеши за време на вашите најсреќни, но и најтажни денови, тогаш не само што тој е одличен слушател, туку исто така покажува и дека е сигурен во вашата врска.rn
2. Тој обожава да се прегрнува исто колку и вас
rn
rnrnКога сте заљубени, прегратките се една од најголемите радости во врската. Ако вашиот партнер сака да се гушка исто колку и вас, тоа значи дека тој обожава да поминува квалитетно време со вас, и уште поважно, ја цени интимноста во врската. Од друга страна пак, повремените бакнежи во чело додека сте во неговата прегратка е начин на кој тој ви кажува колку му значите без зборови.rn
3. Најчесто избегнува јавно покажување љубов
rn
rnrnПовременото јавно покажување љубов е сосема во ред, но ако вашиот партнер го прави тоа цело време, може да биде црвено знаме. Со тоа што сака да ве покажува пред сите, тој ја покажува и својата несигурност, а ако не знае како да ги оттргне рацете од вас, дури и кога е несоодветно да ве допира, тогаш станува збор за похота, наместо за љубов.rnrnПогледнете ги и најголемите разлики меѓу сексот од љубов и сексот без љубов.