Секое јадење направено на скара добива сосема нов, пикантен вкус кога ќе се послужи со некој вкусен прелив. Ви ги препорачуваме овие три одлични сосови кои можете да ги послужите следниот пат кога дома ќе правите скара.rnrn
rn
Прелив од домати
rnНа тивок оган ставете да се крчкаат 8 лажици доматно пире, 4 лажици вински оцет, 4 лажици балсамико оцет, 100 грама шеќер и една исечкана лута пиперка. Зачинете по вкус и оставете го сосот 20 минути на оган. Убаво оладете го пред да го послужите.rnrn
rn
Прелив од јогурт
rnИсчистете 4 чешниња лук и испасирајте ги заедно со 500 милилитри густ јогурт. Во смесата додадете 2 лажици слатка павлака и ставете сол и бибер по вкус. Потоа во едно тавче со многу малку масло, пропржете 2 лажици сусам и додадете го во сосот. Пред сервирање, сосот нека отстои во ладилник.rnrn
rn
Прелив од лук
rnИсчистете 6 чешниња лук, а три од нив убаво испасирајте ги со 200 грама маскарпоне. Во смесата додадете и 2 лажици кисела павлака и сол и бибер по вкус. Останатите три чешниња лук пропржете ги во една лажица масло и потоа додадете ги во сосот. Оладете го пред да го послужите.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
