Оформувањето здрава и силна љубовна врска бара време. Секој поминува низ многу искуства додека го најде човекот кому е спремен да му се посвети. Но, дали ви се случило да помислите дека сака сериозна врска со вас, кога во суштина има друга намера? Или можеби сосем обратно, вие сте целеле кон авантура додека тој мислел на нешто сериозно? Ова се дел од знаците кои покажуваат дека со вас има сериозна намера.rn
rnrn
Не брза
rnДоколку со вас сака само авантура, тогаш веднаш ќе побара нешто повеќе. Но доколку оди полека, чекор по чекор, сака да излегувате и да се запознавате, тогаш најверојатно внимателно го испитува секој свој чекор и не сака да брза бидејќи навистина му се допаѓате. Не секогаш тоа што не брза е потенцијален показател дека сака сериозна врска со вас, но сепак е важно да се има на ум.rnrn
Ве запознава со пријателите и семејството
rnДоколку излегувате месец или два, а сè уште не ве запознал со пријателите, тоа може да биде показател дека не цели кон нешто сериозно. Но доколку сака врска со вас би сакал да ве запознае со неговите блиски.rnrnНе брзајте и не инсистирајте на ваков чекор. Доколку гледате дека поттикнува таква иницијатива, индиректно охрабрете го, а потоа запознајте го и вие со вашите пријатели. Тоа е одличен начин на започнување здрава врска.rn
rnrn
Се прилагодува на вашиот распоред
rnНајчесто мажите се држат до своето его и своите принципи да не отстапуваат од распоредот поради девојка. Но доколку сака да знае што правите во слободно време, кога имате пауза на работа и слично, тој сака на некој начин да „упадне“ во вашиот распоред и да се зближи со вас. Играјте ја и вие таа игра. Дозволете му да ве земе од работа, да дојде со вас во маркет и слично.rnrnИсто, добар знак е доколку откаже некој негов план за да биде со вас. Ако понекогаш сака да се прилагоди на вашиот распоред, тоа значи дека е спремен да се прилагоди и на вашиот начин на живот.rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
