Свесни сте дека некои работи од вашето дневно мени морате да ги пречкртате доколку сакате да ослабнете. Но дали знаевте дека преку консумирањето на одредени намирници можете да согорите калории? Нутриционистката Џес Кординг за списанието Woman’s health споделува листа со најдобрите намирници за согорување калории. Проверете за кои намирници станува збор во продолжение.rnrn
rn
Пилешко и мисиркино месо
rnПротеините во пилешкото и мисиркиното месо ќе ви дадат долготрајно чувство на ситост. Покрај тоа, тие се одличен извор на триптофан, поврзан со производството на невротансмитерот серотонин.rnrn„Ако сте под стрес важно е да го зголемите производството на серотонин во вашето тело за да го намалите емоционалното прејадување и да го спречите јадењето поради стрес, особено кога се обидувате да ослабнете“, вели Кординг.rn
Јаткасти плодови
rn
„Јаткастите плодови се полни со здрави масти, влакна и протеини што е совршена комбинација за одржување на енергијата во организмот“, вели Кординг.
rnТие се доста калорични така што е сосема доволна мала количина. Кординг додава и дека некои од нив, особено оревите, се богати со омега-3 масни киселини кои имаат антивоспалително дејство.rn
Јајца
rnУште еден богат извор на протеини и здрави масти кој ќе ви помогне да ја одржувате мускулната маса додека согорувате масти. Со оглед на тоа што едно јајце содржи околу 70 калории, тоа е одличен избор при слабеење, а исто така содржи и колин, соединение кое ја подобрува функцијата на мозокот.rn
Млеко, јогурт и сирење
rnМлекото содржи голема количина на калциум и животински протеини.rn
„Иако ќе внесете повеќе калории, сепак подолго време ќе бидете најадени“, вели Кординг.
rnДури и се препорачува консумирање на полномаслено млеко, богато со витамини Д и А. Дополнително, пробиотиците од јогуртот помагаат за воспоставување рамнотежа во системот за варење и го зајакнуваат имунитетот.rn
Бобинки
rnБидејќи се полни со влакна, бобинките ќе ви помогнат да ја намалите желбата за храна. На пример, во една шака бобинки има помалку калории (околу 84) и повеќе влакна (3,6 g) отколку во една банана. Освен тоа, бобинките имаат антиинфламаторно дејство и се полни со антиоксиданси кои го штитат вашиот имунитет.rn
Авокадо
rn
„Авокадото е одлична комбинација од монозаситени масти и влакна, кои помагаат да се чувствувате сити“, изјавува Кординг.
rnИсто така, авокадото е добар извор на калиум кој го спречува задржувањето на водата во телото. Ќе ви биде доволно половина авокадо со тост или со јајца затоа што е прилично калорично.rn
Риба
rnЛосос, туна и скуша се најдобриот избор кои ќе ви помогнат долго време да останете сити. Лососот е богат со омега-3 масни киселини кои помагаат при согорување на маснотиите.rn
Грејпфрут
rnБогат извор на влакна, грејпфрутот помага при регулирањето на шеќерот во крвта. Се работи за нискокалорично овошје кое можете да го консумирате како ужинка без страв дека ќе се здебелите. Полн е и со витамин Ц и бета каротин кои го зајакнуваат имунолошкиот систем.rn
Лути пиперки
rnКапсаицинот е состојка во пиперките што ги прави лути. Истражувањата покажале дека оваа состојка помага при слабеење бидејќи го забрзуваат метаболизмот. Според Кординг, лутите пиперки не можат во голема мера да ви помогнат да согорувате маснотии, но можат да му помогнат на вашиот метаболизам во процесот на слабеење.rn
Темнозелен лиснат зеленчук
rnОвој вид на зеленчук е богат со железо што го стимулира протокот на кислород низ вашето тело. Покрај тоа, темнозелениот лиснат зеленчук содржи супстанции кои го помагаат варењето на храната и го забрзуваат метаболизмот.rnrnОткако прочитавте кои намирници се најдобар избор за вашето мени доколку сакате да ослабнете, ви препорачуваме да прочитате и кои витамини помагаат при согорување калории.rnrnИзвор: miss7zdrava.24sata.hr