Ако сте премногу загрижени, под стрес или исхраната не ви е балансирана, сето тоа може да се види на вашето лице. Погледнете што зборуваат брчките за вас.rnrn
rn
Чело
rnХоризонталните брчки упатуваат на преголема загриженост, а кај младите личности се знак на преголема конзумација на шеќер, млечни производи и растителни и животински масла и масти. Две вертикални брчки измеѓу веѓите упатуваат на лутина или потисната лутина која може да изразува нетрпеливост, фрустрација и/или здодевност. Ако брчките се спуштаат надолу кон коренот на носот, може да означуваат грижа и прекумерна концентрација.rn
Образи
rnВертикалните линии на образите се знак на голем и континуиран стрес. Назолабијалните брчки (кои се спуштаат покрај коренот на носот до врвовите на устата) се линии на животната смисла или целта и покажуваат колку долго всушност живеете во стварниот живот. Ако се предлабоки, а сè уште немате 50, можеби е време за чистење на вашиот живот од разни верувања и идеи, но и за детоксикација, бидејќи ова подрачје е поврзано со дебелото црево.rn
Усни
rnСитните вертикални линии над горната усна упатуваат на премногу грижи – време е да почнете малку да се посветите на себеси. Често се порпапратени со кратки брчки на разочараност кои од аглите на усните се спуштаат косо кон вилицата. Ситните вертикални линии кои се наоѓаат под долната усна означуваат огорченост и незадоволство од животот.rn
Брада
rnВертикалните линии на брадата тешко се видливи кај младите личности, а се поврзуваат со рационални или ирационални стравови. Често кожата на тоа подрачје добива изглед на кора од портокал.rn
Очи
rnБрчките кои од надворешниот агол на окото во лак се искачуваат кон горе зборуваат за среќа и радост, а оние кои се спуштат кон јаболчниците или уште пониско се знак дека сте имале повеќе тага отколку радост во животот.rnrn
rn
Во секоја брчка е запишана нашата судбина
rnБрчките на лицето сведочат за нашите години, но јасно ги откриваат и нашиот карактер, судбината, здравјето, како и тоа дали сме предодредени за успех и за што сме талентирани. Ова се основите на физиогномиката, наука за личноста, која први почнале темелно да ја проучуваат и користат старите Кинези. Погледнете што зборуваат за вас најизразените брчки кои ги имате на лицето.rnrnЗнак на снаодливост – Две или три линии кои хоризонтално го пресекуваат челото се сметаат за добар знак. Челото со две брчки често е знак на среќа кај успешните и снаодливи луѓе. Челото со три линии укажува на голема смисла за уметност и е одраз на книжевен талент.rnrnЗнак на популарност – Три, а со годините и повеќе долги, неиспрекинати линии кои одат преку челото образувајќи голем лак укажуваат на човек со исклучителна популарност. Таквата личност ужива длабока почит од својата околина и има широк круг на пријатели. Луѓето од овој тип можат да стекнат огромна слава и живеат долго и среќно без посебни грижи и неволји.rnrnЗнак на тешка судбина – Длабока, вертикална линија во средината на челото не е многу добар знак. Меѓу кинеските физиогномисти таа го добила името „висечка игла“. Таа линија означува закана за личната сигурност или претставува навестување на лоши односи меѓу сопружниците.rnrnМеѓутоа, некои луѓе имаат т.н. компензирачки црти, како што се на пример класичните, идеални веѓи, очи и нос, кои на таквата личност ѝ помагаат да се варди несреќата. „Висечката игла“ често се сретнува кај луѓе на високи позиции, меѓу кои и кај членовите на власта, но и меѓу актерите, што говори за високиот интелектуален потенцијал на тие луѓе.rnrnЗнак на успех – Помеѓу двете веѓи се наоѓаат две кратки паралелни линии кои укажуваат на успех во раководството, индустријата или културата. Таквата личност е истовремено мислител и добар организатор на работата со која се занимава. Таа поседува сè што е потребно за брлијинатна кариера.rnrnЗнак на амбициозност – Доколку помеѓу двете веѓи се наоѓаат три прави линии, тоа е знак дека личноста може многу рано да се искачи на скалите на општествениот успех до самиот врв. Но, ако се трите вертикални линии искривени, тоа укажува на предиспозиција за психичко нарушување, а можеби и за криминални тенденции.rnrnЗнак на среќа – Една единствена хоризонтална линија која поминува по средината на челото е знак на убав и благороден живот. Таквата личност ќе има успех со сите потфати кои ќе ги направи, особено во младоста. Меѓутоа, доколку таа линија се наоѓа преблиску до веѓите, можни се непријатности во текот на тинејџерските денови.rnrnЗнак на слава – Необичните линии на челото во облик на ромб претскажуваат долг живот и исклучителна слава. Таквите линии се карактеристични за писателите, сликарите, музичарите и другите креативни професии.rnrnЗнак на болест и негативност – Тенките, кратки, кривулести и раштркани хоризонтални линии на челото говорат за личност со лошо здравје, за колебливост и безволен карактер. Дури и ако заземаат позиција за која се заинтересирани, таквите луѓе остануваат злопамтила.rnrnЗнак на лоша среќа во љубовта – Доколку личноста има по три вертикални линии под секое око, тоа значи дека може да има несреќен брак, кој ќе заврши со развод.rnrnЗнак на раѓање син или ќерка – Доколку бремената жена има кратки црти околу горните и долните усни, голема е веројатноста дека ќе роди син. Доколку нема, на свет ќе донесе ќерка.