КАФЕ ПАУЗА

На диета сте и вежбате, но не слабеете? Еве каде грешите…

Дали правите сѐ исправно во својата исхрана и редовното вежбање, а и понатаму не гледате резултати? Можеби грешката се наоѓа на друго место…rnrnrn

1. Протеините се добри, но само во одредена мера

rnПостојат многубројни диети кои нè присилуваат да внесуваме многу прехранбени производи што содржат високо ниво на протеини во однос на некои други. Тоа е погрешно. На Интернет можете да пронајдете разни онлајн калкулатори кои може да ви помогнат да пресметате колку грама протеини треба да внесете во однос на вашата тежина и висина.rn

2. Намалете го консумирањето шеќер

rnЗдравиот разум ни вели дека кога ќе започнеме некоја диета треба да ги избегнуваме слатките и колачите. Но, дали сте знаеле дека постојат и многу други прехранбени производи кои содржат многу повеќе шеќер отколку што мислите? Посветете повеќе внимание на читањето на етикетите на производите од млечните производи и соковите.rn

3. Злоупотребување на кардио вежбите

rnСите ние знаеме дека трчањето и кардиоваскуларните вежби помагаат при губењето на килограмите, меѓутоа според една студија од Оксфорд, тие може да бидат и штетни за телото, особено за срцето доколку претерувате и ако вашето тело не е навикнато на редовно вежбање.rnrn2=6-mitovi-za-tezhinata-vo-koi-mora-da-prestanete-da-veruvate-www.kafepauza.mk_rn

4. Ако јадете помалку не значи дека побрзо ќе ја изгубите тежината

rnОсновата на добрата и здрава исхрана е оброк помеѓу 2-3 часа. Нутриционистите препорачуваат да јадете 5 пати дневно за да не се појави чувството на глад, но и да го одржувате нивото на шеќер на нормала. Наместо да исфрлите еден оброк, а потоа да се почестите со голем оброк, организирајте си помали и почести оброци.rn

5. Да, добро е да се опуштите понекогаш

rnМногубројни нутриционисти советуваат дека е пожелно понекогаш да се наградите додека сте на диета, бидејќи тоа ќе ви помогне околу анксиозноста која се појавува од стриктните диети, а со тоа и ќе му дадете на мозокот награда и енергија за продолжување.rn

6. За да ослабите морате добро да се наспиете

rnСтудијата од колеџот Кинг заклучува дека луѓето кои спијат помалку од 7 часа дневно јадат повеќе храна и имаат неконтролирани пориви за прејадување и злоупотребување на храната.rnrn3-6-mitovi-za-tezhinata-vo-koi-mora-da-prestanete-da-veruvate-www.kafepauza.mk_