Животот е трка за некои луѓе: Трка за да се добие унапредување на работа, да се има совршено тело, да се биде присутен на сите настани… Во оваа брза животна потрага по среќата немаме ни една минута да застанеме, да погледнеме околу себе и да си кажеме „Животот е толку прекрасен!“ Понекогаш, ова чувство на хармонија воопшто не се појавува, а понекогаш се појавува премногу доцна, како на пример, тогаш кога ќе наполните 83 години.rnrn
rnrnТокму тоа ѝ се случило на една 83-годишна старица која решила да напише писмо до нејзината пријателка. Многу е важно да ја разберете смислата на нејзините зборови што е можно побрзо, пред да стане предоцна. Можете дури и да си ја препишете последната реченица од писмото и да ја ставите на некое место во домот каде што ќе ја гледате секој ден. Прочитајте го ова искрено писмо полно со животни лекции од кои сите можеме да научиме нешто…rnrn
rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnДрага Берта,rnrnПовеќе читам, а помалку бришам прашина. Седам во градината и се восхитувам на погледот без да се нервирам за плевелот во дворот. Поминувам повеќе време со семејството и пријателите, а помалку време трошам на работење.rnrnСекогаш кога е возможно, треба да ги почувствуваме доживувањата во животот, а не да ги издржуваме. Се обидувам да ги препознам тие моменти и да ги ценам.rnrnНе „чувам“ ништо. Го користиме скапиот прибор за јадење од кристал за секој посебен настан, како што е губењето вишок килограми, одзатнувањето на лавабото или цутењето на првиот цвет во градината.rnrnГо носам моето убаво сако кога одам во продавница. Мојата теорија е дека ако изгледам успешно, ќе можам потрошам 29 долари на мала кеса производи.rnrnНе го чувам убавиот парфем за посебни забави, туку го носам за работниците од продавницата за алати и за вработените во банка.rnrn„Некогаш“ и „деновиве“ полека исчезнуваат од мојот речник. Ако нешто вреди да се види, чуе или направи, тогаш сакам да го видам, чујам или направам сега.rnrn
rnrnНе сум сигурна што би направиле другите луѓе кога би знаеле дека нема да го дочекаат утрото што сите го земаме здраво за готово. Мислам дека би им се јавиле на членовите од семејството и на блиските пријатели. Можеби би им се јавиле и на поранешните пријатели за да им се извинат и да ги поправат грешките од караниците во минатото. Можеби би отишле во кинески ресторан на вечера или која и да е нивната омилена храна. Претпоставувам дека никогаш нема да дознам.rnrnКога би знаела дека часовите ми се одброени, би била лута поради тоа што сум оставила толку многу мали работи недовршени. Би била лута поради тоа што не сум ги напишала оние писма кои сум планирала да ги напишам некогаш. Би била лута и би се каела поради тоа што не сум му кажувала на сопругот и родителите доволно често колку многу ги сакам.rnrnМногу се трудам да не ги одложувам, потиснувам и чувам работите кои би ми го исполниле животот со смеа и радост. Секое утро кога отворам очи, си велам дека тоа е посебно. Секој ден, секоја минута, секој здив се дарови од Бог.rnrnМожеби нашиот живот не звучи како онаа песна што сме ја сакале. Но, додека сме тука, ништо не нѐ спречува да танцуваме.rnrn[/message_box]rnrn
rnrnДали и вие постојано брзате во животот? Не заборавајте да обрнете внимание на работите што се случуваат околу вас. Бидете присутни во секој момент. Применете ги драгоцените совети од ова писмо и никогаш нема да жалите поради работите што сте ги пропуштиле или сте ги оставиле недовршени.rnrnПрочитајте го и ова отворено писмо од една девојка до личноста што таа била во минатото.
Писмо од 83-годишна старица полно со животни лекции од кои сте можеме да научиме нешто
