Мус од кафе

Сподели

Автор: Маја Линковаrn

Неодолив спој на чоколаден крем и омилениот црн пијалак за целосно уживање
Потребно е:

rn

    rn011

    Реклама
  • 70 г чоколадо за готвење
  • rn011

  • 4 лажички врело, јако црно кафе
  • rn011

    Реклама
  • 3 јајца
  • rn011

  • 85 г шеќер
  • rn011

  • 350 мл слатка павлака
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnЧоколадото за готвење здробете го на ситни парчиња и ставете ги во многу врело кафе. Парчињата ќе се стопат од топлото, а потоа оставете кафето малку да се излади.

Одвојте ги јајцата. Жолчките истурете ги во сад и изматете ги со миксер заедно со 75 грама шеќер. Потоа изматете 150 мл павлака. Во кремот којшто ќе го добиете, додадете ја изладената мешавина од чоколадо и кафе, а на крај додадете го кремот од жолчките.

Изматете ги и белките и шлагот измешајте го со кремот од чоколадо и кафе. Смесата ставете ја во сад и оставете нека се лади во фрижидер околу 3 часа. Потоа од мусот, со помош на две лажички вадете кнедли и ставајте по две во чинија.

Остатокот од павлаката изматете го со останатиот шеќер и украсете го десертот. Мусот може да го послужете и со бонбони со вкус на кафе, ливчиња од нане или сецкани бадеми.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира