КАФЕ ПАУЗА

Отстранете ги поткожните влакна во 3 чекори

Подраснувањето на влакната е секојдневен проблем со кој се борат повеќето жени. Заради нив може да се појават тврди, црвени и болни мозолчиња, но овој проблем можете да го решите само со придржување до овие 3 чекори.rnrnotstranete-gi-potkozhnite-vlakna-vo-3-chekori-kafepauza.mkrn

1. Пилинг

rnПилингот ги отстранува мртвите клетки од површината на кожата кои го засилуваат воспалувањето. Со лесен гел со зрнца истријте го делот и измијте се.rn

2. Топла компресија

rnСо чисто крпче или ракавица за туширање потопена во топла вода нежно притиснете го воспаленото место од двете страни и држете така околу две минути. Постапката повторувајте ја двапати на ден додека не се појави дел од влакненцето на површината на кожата.rn

3. Пинцета

rnКога ќе се појави влакното на површината на кожата, искубете го со стерилна пинцета. Ако влакното не се појавува, повторете ја постапката со топла крпа, но никако не копајте на воспаленото место.