КАФЕ ПАУЗА

Можеби и вие го правите тоа погрешно: Проверете дали правилно пливате!

Пливачкиот гуру Стивен Шоу тврди дека има многу луѓе кои мислат дека знаат да пливаат, а всушност пливаат сосема погрешно. И не само тоа, на тој начин, ваквата активност која инаку се смета дека делува добро на нашето здравје, всушност предизвикува само штета.rnrnmozhebi-i-vie-go-pravite-toa-pogreshno-proverete-dali-pravilno-plivate-kafepauza.mkrnrnШоу го проучува пливањето веќе 25 години, а е развивач на методот за „совршено пливање“ кој го има наречено „уметност во пливањето“. Имено, иако низ годините се занимавал со професионално пливање, на крајот имал проблеми со болки во вратот и грбот, па заклучил дека веројатно и тој не правел нешто како што треба.rnrnПодоцна работел како спасувач на базени и плажи каде што забележал дека многу луѓе погрешно пливаат. Шоу, кој во меѓувреме има подучено илјадници луѓе ширум светот да пливаат, смета дека најголемата грешка што луѓето ја прават кога пливаат е во тоа што се борат со водата и се борат за воздух. Во тоа нема никакво задоволство.rnrnПовеќето луѓе пливаат градно и ја држат главата над водата, што е како да пливате под рачна, па рацете и нозете мораат посилно да се ангажираат. Неговиот совет е едноставен: пикнете го лицето во вода. Без страв дека ќе се удавите или дека ќе останете без воздух.rnrnШоу инаку се специјализирал за работа со возрасни луѓе кои не пливаат бидејќи имаат страв од вода или некоја друга траума.