КАФЕ ПАУЗА

Прошетка низ убавините на Норвешка

Прошетка низ убавините на Норвешка

Оваа прекрасна земја се наоѓа на самиот север на европскиот континент. Дури 61,1% од нејзината територија се планини, 23,3% шуми, 4,8% езера и реки и 1,4% вечен мраз.rnrnПрошетка низ убавините на НорвешкаrnrnОбалата на Норвешка е избраздена со тесни морски заливи кои се нарекуваат фјордови. Тие претставуваат природни пристаништа заштитени од невремиња. Иако се наоѓа на северниот дел од континентот, приморската Норвешка има прилично блага клима, благодарение на Голфската струја.rnrnПрошетка низ убавините на НорвешкаПрошетка низ убавините на НорвешкаrnrnФјордовите ѝ даваат неверојатен и неповторлив колорит на оваа скандинавска земја. Патувањата по фјордовите со водопади и мали рибарски села, е најубавото нешто кое можете да го доживеете тука. Илјадниците чисти и природни езера даваат неверојатна можност за риболов во еден од најпрекрасните предели на континентот. Токму затоа, од 4,3 милиони жители во Норвешка, само 50% живеат во големите градови.rnrnПрошетка низ убавините на НорвешкаПрошетка низ убавините на НорвешкаrnrnГлавен град на Норвешка е Осло, кој е модерна престолнина во која живеат околу 1 милион жители. Тој е културен и политички центар на земјата и еден од најубавите градови во северна Европа. Градот е основан од страна на викинзите во 9-тиот век, а својот најголем развој го доживува во 18-тот век. Тој се наоѓа на истоимениот фјорд, а со фреквентни ферибродски линии е одлично поврзан со Данска.rnrnПрошетка низ убавините на НорвешкаПрошетка низ убавините на НорвешкаПрошетка низ убавините на НорвешкаrnrnДоколку некогаш патувате во оваа земја не пропуштајте да ги посетите замокот на Акершус, Националниот музеј на Норвешка, Градската куќа во која се доделуваат „Нобеловите награди“, кралската палата во која живее норвешката кралска фамилија, паркот Вигеланд и музејот на викиншките бродови.rnrnПрошетка низ убавините на НорвешкаПрошетка низ убавините на Норвешкаrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.