Комарците се многу пребирливи суштества, па затоа не треба да нѐ чуди што некои луѓе покрај нив си поминуваат како невидливи, додека други ги прекриваат со отоци од убоди.
Вистината е дека никој не е имун. Пред 30 години научниците откриле дека јаглерод диоксидот кој го издишуваме е една од главните траги по кои комарците нѐ следат. Тие летаат каде што има висока концентрација на CO2, кон група луѓе, а потоа го користат видот и сетилото за мирис за да ја одберат својата мета.
Но зошто некои се поштедени, а други се принудени да се чешаат со денови? Сѐ уште не се знае со сигурност, но повеќе студии имаат откриено различни мамки заради кои некои луѓе стануваат подвижна мета за комарците.rn
Високи сте
rnБидејќи сте високи, произведувате повеќе јаглерод диоксид и повеќе телесна топлина кои им се природно привлечни на комарците. Затоа во група луѓе возрасните секогаш добиваат повеќе убоди од децата, а мажите повеќе од жените.rn
Редовно вежбате
rnВо текот на вежбањето телото произведува млечна киселина која се испушта преку потните жлезди на кожата. Една германска студија потврдила дека таа е исто така привлечна за комарците.rn
Нозете ви мирисаат непријатно
rnЕдна студија објавена во научното списание Plos One покажала дека луѓето на чии стапала живеат повеќе бактерии, се попривлечни за комарците. Истата бактерија се наоѓа и во белгиското сирење Лимбургер, а заради неговата ефикасност во привлекувањето комарци, научниците го користат за да ги фатат во замка.rn
Носите парфем
rnКомарците го вшмукуваат нектарот од цвеќињата, па ги привлекуваат цветните мириси.rn
Имате генетски предиспозиции
rnСтудија објавена во журналот „Инфекции, генетика и еволуција“ покажала дека лицата со одредени HLA гени имаат поголеми шанси да бидат привлечни за комарците.rn
Пиете пиво
rnСамо едно мало шише пиво е доволно да ве направи мамка за комарците. Тоа го открила една студија објавена во Журналот на американската асоцијација за комарци, но сѐ уште не е откриено зошто е тоа така.rn
Имате нулта крвна група
rnНеколку студии, вклучувајќи и една неодамна објавена во списанието Експериментална паразитологија покажуваат дека лицата со нулта крвна група имаат повеќе шанси да станат вечера за комарците. Меѓутоа некои стручњаци сметаат дека таквите резултати се произлезени од грешки во статистичките податоци.

