КАФЕ ПАУЗА

Фотографии во зима

Фотографии во зима

Зимските снегови, заледените улици, движењето на луѓето низ маглата… иако звучи студено и сурово, истовремено овие пејзажи од животот се инспирација за создавање креативни и уметнички фотографии.Фотографии во зимаФотографии во зимаДоколку сакате да излезете со вашиот фотоапарат за да фатите дел од магијата што се случува околу вас во овој период од годината, добро е да ги земете предвид овие совети:rn
rn

1. Нека ви биде топло

rnЈасно е дека доколку шетате по студот ќе ви требаат повеќе слоеви топла облека за да не ви згасне ентузијазмот за фотографирање уште во првите 20 минути. Она на што дополнително треба да обрнете внимание е да ви останат рацете загреани. Ракавиците се очигледен додаток без кој не би требало да излезете од дома, но тие би можеле да ви го отежнат процесот доколку треба постојано да ги вадите и ставате. За да можете ефективно и прецизно да ги користите прстите, земете ракавици кои се пресечени во делот кај прстите.Фотографии во зимаrn

2. Резервна батерија

rnСтудот може да влијае на брзото трошење на батериите на фотоапаратот, така што препорачливо е да носите резервни и да ги поставите до термосот со топло кафе во ранецот.rn
rn

3. Светли фотографии од снежни пејзажи

rnКога ќе застанете пред снежна сцена која сакате да остане запаметена во вашиот фотоапарат, може да се соочите со проблем кој произлегува од невообичаеното ниво на светлина и количината од бело. Сензорот на светлина ќе се обиде да ја разбере сцената, но вака може да добиете сива и матна фотографија. Затоа, во вакви околини, подесете го нивото на светлина за неколку места во десно, до +1 или до +2.Фотографии во зимаФотографии во зимаrn

4. Ако нема снег

rnСнегот не е единствената убавина што ја носи зимата, која воедно претставува инспирација за фотографирање. Природната мрачност на зимата, небото и светлите утра во комбинација со замрзнати површини, можат да ви понудат прилики да ги фатите најчудесните моменти од ова годишно време.Фотографии во зимаФотографии во зимаrn

5. Црпете инспирација

rnПогледнете уште дел од нашиот избор за да добиете идеи и инспирација за вашите зимски фотографии. Па нели е магично?Фотографии во зимаФотографии во зимаФотографии во зимаФотографии во зимаФотографии во зимаФотографии во зимаФотографии во зимаФотографии во зимаФотографии во зима
rnrnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn