Сите ние сме свесни за сеприсутните Е-броеви во храната зад кои се кријат бројни адитиви, конзерванси и засилувачи на вкусот. Некои од нив се скоро безопасни, како солта и шеќерот, меѓутоа треба да обрнете внимание на останатите и да бидете свесни за ризикот кој го носи нивната секојдневна консумација. Еден од таквите Е-броеви е мононатриев глутамат.rnrn
rnrnМононатриевиот глутамат е еден од најмногу раширените адитиви во храната – засилувач на вкус познат и под скратеното име МНГ. Универзално е присутен во азиската, особено во кинеската кујна, но и во поголемиот дел од индустриската храна со која едно просечно семејство се сретнува на дневна база. Секој пат кога во маркетот ќе посегнете по супа во кесичка, конзервиран производ или смрзнати готови јадења, па дури и детска храна, во своето кујнско ормарче или фрижидер внесувате значајна доза на мононатриев глутамат.rnrnИако МНГ се користи доста често, како солта и биберот, тој всушност го засилува вкусот на храната така што индустриски подготвеното месо и смрзнатите готови јадења имаат подобар и посвеж мирис. Истата работа важи и за конзервираната храна. Во нас внесуваме и еден од најпознатите засилувачи на храната со популарниот мононатриев глутамат – сѐ присутната и најпозната од сите такви зачини, вегетата.rnrnСе сеќавате ли на Стив Карапанџа, еден од најпознатите готвачи во бивша Југолславија кој секое свое јадење го зачинуваше со овој засилувач на вкус? Можеби како и ние, не сте можеле да ја замислите супата без вегета, а во оној момент кога сте престанеле да ја користите целата храна била некако невкусна и безлична – сѐ додека рецепторите за вкус на вашиот јазик повторно не се разбудиле и откриле некои нови светови на вкусови на храната.rnrn
rn
Што е всушност мононатриев глутамат?
rnСеприсутниот мононатриев глутамат е воочлив и носи голема финансиска добивка на произведувачите на индустриска храна, меѓутоа, истиот тој адитив може да остави големи последици на човечкото здравје.rnrnОвој адитив во прав е откриен уште во 1908 година во Јапонија. Што се однесува до хемискиот состав, содржи 78% глутаминска киселина, 21% натриум и околу 1% заземаат загадувачите. Иако е доста ефикасен како засилувач на вкусот, самиот по себе е прилично безвкусен. Тој на некој начин ги „лаже“ нашите чувствителни сензори за вкус со помош на умами – петтиот вкус.rnrnУмами е всушност вкусот на глутамат – кој скоро секој производ го прави повкусен, без разлика на неговите хранливи вредности или свежината. После втората светска војна, МНГ се проширил и на запад. На пример, во САД, на почетокот, тој адитив се сметал генерално сигурен за употреба сѐ додека после само 10 години употреба во медицинската литература не се вовел и поимот: „Синдром на кинески ресторан“ кој подразбира неправилна работа на срцето и зачестени главоболки поради консумирање на мононатриев глутамат.rnrnДенес таквите симптоми се нарекуваат Комплекс на синдромот МНГ, кој е препознаен ширум целиот свет.rnrn
Зошто мононатриевиот глутамат е опасен?
rnЕдна од најпознатите книги напишани на тема МНГ е делото на д-р Расел Блејлок под името „Excitotoxins: The Taste that Kills (во слободен превод – Екситотоксини: Вкус кој убива). Делото го нагласува влијанието кое мононатриевиот глутамат го има врз клетките – доведува до будна состојба која може да резултира со нивно сериозно оштетување или потенцијални болести како што се Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест или болеста на Лу Гериг.rnrnСтудиите покажале дека телото користи глутаминат, аминокиселина, како невротрансмитер бидејќи во мозокот постојат предели кои реагираат на нивниот импулс. Сето тоа може да доведе до појава на невролошки болести што е докажано и на лабораториските животни. Иако американската администрација за храна и пијалаци и понатаму тврди дека мононатриевиот глутамат е сигурен за употреба во исхраната, многу светско познати експерти не се сложуваат со таквиот став. Според д-р Расел Блејлок, мононатриевиот глутамат се поврзува и со бројни други несакани ефекти, како што се дебелината, оштетувањата на видот, главоболките, мачнините, депресијата. Од останатите симптоми на претерана консумација МНГ може да почувствувате: Глувост, чувство на печење, притисок во зоната на главата, потешкотии со дишењето и болка во градите, главоболка, мачнина, забрзано отчукување на срцето, слабост.rnrn
rnrnНе постојат целни студии кои би можеле да покажат колку точно личности се чувствителни на МНГ, но некои постари студии од крајот на 80-тите покажуваат дека околу 25 до 30% од населението може да биде интолерантно на оваа супстанца. Поради уште поголемото количество на користење на МНГ, се проценува дека таа бројка денес е уште поголема.rn
Како да го забележите мононатриевиот глутамат во храната? Внимавајте, бидејќи се крие под бројни имиња!
rnГолем број произведувачи се обидуваат да ги „маскираат“ адитивите кои ги користат во своите прехранбени производи, а тоа се постигнува со користење други имиња кои просечната личност не би можела да ги поврзе со одреден адитив. Исто така, некои адитиви самите по себе во составот содржат МНГ и ако нивните имиња се наведени на етикетата на производот тешко е да се поврзат со мононатреив глутамат. Таквите состојки на пазарот ги има над 40. На декларацијата можете да го пронајдете како Е броевите Е620-625 или МSG (monosodium glutamat), МНГ (мононатриев глутамат), засилувач на вкусот или пак како придружна состојка во квасец, хидролизирани билни протеини, хидролизиран протеин од соја и слично…rnrnИзбегнувањето на МНГ токму поради неговата општа раширеност не е ниту малку лесна задача која подразбира доста труд и упорност. Меѓутоа, постојат одредени производи кои секако го содржат во оригиналниот или некој друг облик, а тоа се: Супите во кесичка, смрзнатите готови јадења, чипсовите, одредени соја сосови, конзервирана и слично.rnrnДоколку сакате во целост да го исклучите мононатриевиот глутамат од вашата исхрана, тогаш преминете на свежи и целосни производи, бидејќи тие сигурно не содржат никакви адитиви. Исто така, треба да внимавате и на изборот на ресторани, особено кога станува збор за рестораните за брза храна, од кои доста често јадете, бидејќи многу од нив своите јадења ги приготвуваат со состојки кои содржат МНГ. Единствените места кои се сигурни од мононатриев глутамат се синџирите на органска храна, локалните произведувачи и вашата домашна кујна.