Ако сте во дилема како да изгледате секси и да се чувствувате слободни дури и за време на најжешките денови, тука се маиците без рамена. Тие се моден погодок кога ви треба нешто што го истакнува вашиот изглед, но истовремено прави да се чувствувате удобно и опуштено.rnrn
rnrnАко сакате да откриете малку повеќе кожа, маичките без ракави се совршени за вас. Лесно се комбинираат со разни парчиња облека, од здолништа и кратки панталони, па сè до шорцеви и фармерки. Овие маици се неопходен детаљ при прошетки, одење на плажа или вечерни излегувања.rnrnПанталоните со висок струк, широк шешир и очила, заедно со маица без рамена ќе направат да изгледате феноменално. Ова секси и опуштено парче облека едноставно ве привлекува да го комбинирате со некои удобни сандали, раскроено здолниште и впечатлив накит.rnrnИзберете го моделот што најмногу ви одговара, без разлика дали станува збор за цветен дезен, минималистичка комбинација од бела и црна боја, модели со принт или некоја опуштена бохо варијанта. Во продолжение погледнете како да ги комбинирате овие маици.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете како да ги носите точките ова лето.
Моден тренд: Акцентот ова лето е на вашите рамена
