КАФЕ ПАУЗА

Кога ќе пораснам сакам да бидам…

Кога ќе пораснам сакам да бидам...

Written by

in

,

Среќата не доаѓа при успаните, ок да, вистина е… ама кога ми се спие – ми се спие. Колку само работи знам, а не ги применувам, некогаш сум гневна самата на себе поради тоа. Научниците тврдат дека не сме свесни за сè она што се случува во нашиот мозок. Дека нашиот мозок може да процесира над двесте работи во еден момент, но ние сме свесни само за осум или девет од нив, и дека човештвото не е ни приближно блиску до вистинскиот одговор за тоа како мозокот работи и колкав капацитет има… можеби и подобро да не знаеме.Кога ќе пораснам сакам да бидам...Се рекло (и целосно го поддржувам ова), дека самите луѓе не се свесни за тоа за што сè се способни, некогаш ќе дојдеш во таква ситуација во животот и ќе изреагираш како суперхерој. На пример, ќе го научиш целиот материјал една ноќ пред испит и се чувствуваш појако и од Супермен. Ќе се послужам со пример од еден стенд-ап комедијант кој неретко ме импресионира. Човечкото тело е чудесно, создадено за толку многу работи, може да помине толку многу пречки, створено да освојува златни медали на долги патеки, да претрча и преплива маратони, да се искачува на планини… а нас нè мрзи да појдеме до продавница. „Па не знам зошто имаш тело на човек, подобро да имаше тело на фока!“rnrnЗошто спиеме кога знаеме дека среќата не доаѓа при успаните? Зошто не станеме, не го искористиме нашиот мозок и не направиме едно БУМ? Па која сум јас, лесно е само да го кажам ова… Ама си ветив дека ќе си го исполнам детскиот сон.rnrnНаивно ли е да сакаш да си го исполниш сонот од детството? Сме сонувале дека сакаме да бидеме балерини, пилоти, писатели, учителки… Велат дека детските соништа се најискрени, невини и исконски. Она што најпрво си сакал да бидеш. А од друга страна, некои ќе речат дека биле неразумни, недоволно осмислени, несериозни. Нашите детски соништа се уништуваат во истиот момент кога ќе допрат до реалноста, во моментот кога почнуваме наголемо да мислиме на пари. И ќе останеме заробени во свет кој не ни одговара, каде ќе работиме по шема, а што со нашите скриени страсти за животот?rnrnВраќајќи се наназад низ годините станувам гневна (а не сакам да сум дел од оние кои се гневни, немав таков концепт за себеси), гневна на сите оние на кои им е работа да ги откриваат скриените страсти и таленти, а не го прават тоа. Работите одат напред кога се раководени од луѓе кои својата работа ја вршат со задоволство, а не механички. Парите се битни, ама најбитно е да имаме некој скриен, поголем мотив. Сите тие психолози и педагози по основните училишта, кога би одвојувале секој ден макар по половина час од своето скапоцено време резервирано за кафе и цигари, и би ги повикувале учениците на разговор со цел да откријат за што се талентирани и да ги насочат кон одредена идна професија, немаше ние младите да се изгубиме себеси. Ако не успееш сам да си се пронајдеш во нешто – готов си, стануваш дел од шемата.rnrnДа докажеме зошто сме благословени со тела на луѓе, а не на фоки, да ги докажеме нашиот капацитет и нашата способност. Да му дозволиме на детскиот сон да влијае врз нашата животна професија, и што и да работиме во иднина да го работиме со љубов. Тоа е клучното решение.rnrn„Кога ќе одбереш твојата професија да биде нешто што навистина те исполнува, нема да потрошиш ниеден ден од животот работејќи.“rnrnДо следното читање,rnrnОтријте ја скриената страст во вас.rnrnВашата Ели.rnrn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.