КАФЕ ПАУЗА

7 нешта што можете да ги направите уште сега за да ја намалите вашата анксиозност

7 нешта што можете да ги направите уште сега за да ја намалите вашата анксиозност

Written by

in

,

Анксиозноста секојдневно им влијае на милиони луѓе ширум целиот свет. Некои луѓе се справуваат со клиничка анксиозност и потребен им е третман, а други едноставно ги искусуваат природните ефекти на стресниот живот.rnrn7 нешта што можете да ги направите уште сега за да ја намалите вашата анксиозностrnrnБез разлика кој e видот или интензитетот на вашата анксиозност, секогаш има начин да ја подобрите ситуацијата. Постојат многу трикови и техники благодарение на кои можете да се справите со анксиозноста, а се разбира некои се поефикасни од други. Во продолжение погледнете седум вакви техники што ќе ви се најдат кога ќе се чувствувате анксиозно.rn

1. Контролирајте го вашето дишење

rnМногу луѓе не сфаќаат колку тесно се поврзани умот и телото. Но всушност, квалитетот на вашето дишење има директно влијание на состојбата на вашиот ум. Неправилното дишење е главен причинител на природна анксиозност, а плитките и кратки вдишувања ве прават уште повознемирени. Токму поради ова, дури и најосновните техники за медитација одлично се справуваат со симптомите на анксиозност. Ако имате 60 секунди, имате доволно време да медитирате. Обидете се да дишете правилно една минута и забележете ја разликата.rn

2. Разговарајте со пријател

rnДруга опција е едноставно да започнете разговор. Разговарањето со други луѓе не само што е одличен начин да искажете како се чувствувате, туку и ќе ви помогне да се ослободите од анксиозната состојба на вашиот ум. Уште пред да заврши разговорот ќе се чувствувате многу подобро и посмирено.rn

3. Истегнете се

rnВежбите се едноставен и ефективен начин за намалување на анксиозноста. Покрај тоа, можете да почувствувате и многу други придобивки од вежбањето. Но, ако одењето во теретана или долгото вежбање не е за вас, дури и истегнувањето од неколку минути ќе има слични ефекти – од отстранување на стрес хормоните, до поттикнување на лачењето на ендорфини.rn

4. Фокусирајте се на некое сетилно искуство

rnСлично како и дишењето, фокусирањето на нешто околу вас како на пример, дрво или вревата од автомобилите ќе ви помогне да се вратите во сегашноста и да го пренасочите вашиот фокус во овој момент. Ова ќе ви помогне да излезете од мислите што ја дефинираат вашата анксиозност.rn

5. Слушајте смирувачка музика

rnНе е некоја тајна дека вистинската музика може да ве смири. Но, треба да ја изберете правилно ако сакате да ја користите како алатка за намалување на анксиозноста. Најдете некои стари песни што ве потсетуваат на среќни моменти од минатото и дозволете ѝ на носталгијата да ве надвладее. Оваа состојба ќе ја намали вашата анксиозност и ќе го поттикне лачењето на ендорфини.rn

6. Сфатете ги триковите на умот

rnДруг начин да се справите со анксиозноста е да го препознаете начинот на кој мозокот ве измамува да мислите дека нештата се полоши отколку што навистина се. Кажете си дека ситуацијата не е толку лоша и дека ќе го надминете тоа. Не дозволувајте им на негативните мисли да ве надвладеат.rn

7. Откријте што функционира за вас

rnНавистина е тешко да размислувате јасно кога сте анксиозни, но ако се потрудите, сигурно ќе се сетите на нешто што ве смирувало во минатото. Можеби сте сакале да читате, трчате или цртате. Секоја од овие активности може да биде навистина терапевтска. Пронајдете ја вашата терапија и искористете го тоа.rnrnДознајте и како анксиозноста влијае на вашето физичко здравје.