КАФЕ ПАУЗА

Митови за заштедување на горивото

Митови за заштедување на горивото

Written by

in

,

Како и сите други возачи, сигурно и вие сакате да заштедите на гориво на начин кој е добар за вашиот автомобил. Но, покрај сите „испробани и вистинити“ совети, постојат неколку кои можат да ве однесат во сосема спротивна насока. Поради тоа погледнете ги овие не толку познати митови за заштедување на вашето гориво, како и фактите кои стојат позади нив…rnrnМитови за заштедување на горивотоrn

Мит #1 – Со нечист филтер за воздух ќе поминете помалку километри

rnВозењето со нечист филтер кај постарите модели на автомобили имало големо влијание на зголеменото трошење на горивото. Но, поновите мотори работат на сосема различен начин – тие со помош на компјутерски пресметки одредуваат точно колкав однос воздух-гориво е потребен, во зависност од количеството на воздухот кој поминува низ филтерот. Поради тоа, намалувањето на протокот на воздух придонесува и за намалување на количеството на гориво кое моторот го користи. Не само што се работи за мит, туку со нечист филтер и значително ќе го намалите забрзувањето на вашиот автомобил.rn

Мит #2 – Автомобилот треба да се загрее пред тргнување

rnТочно е дека со постарите модели на автомобили, ова беше и повеќе од потребно (особено при екстремно ниски температури). Но, денешните мотори се многу поефикасни кога функционираат при нормална температура, а најбрзиот начин таа да се постигне е автомобилот да се вози веднаш по запалувањето.rn

Мит #3 – Полнете гориво кога воздухот е поладен за да добиете повеќе за вашите пари

rnТеоретски, во утринските часови кога воздухот е поладен, горивото би требало да е погусто и поради тоа би добиле повеќе за вашите пари. Но, бидејќи поголемиот број од бензинските станици го чуваат горивото под земја, неговата температура варира многу малку во периодот од 24 часа. Она што ќе го добиете како плус гориво во вакви услови би требало да е занемарливо.rn

Мит #4 – Премиум горивото, со повеќе октани е секогаш најдобар избор

rnКога станува збор за обично, средно и премиум гориво, корпорациите многу работеле за да направат голема разлика помеѓу нив. Премиум горивото има највисоко количество на октан, што го прави отпорно на пребрзо согорување на бензинот во моторот. Моторите кои имаат повисоки перформанси се поподложни на побрзо согорување бидејќи често се загреваат премногу. Поради тоа овој вид гориво се препорачува за спортските и луксузните автомобили. Доколку не употребувате ваков вид гориво за овие автомобили, големи се шансите да не ги почувствувате нивните перформанси во целост.rnrnНо, ако вашиот автомобил не припаѓа во оваа категорија, тогаш овој вид гориво воопшто нема да ги зголеми перформансите на моторот, но дефинитивно ќе ве чини повеќе отколку горивото кое е наменето за него. Секогаш одбирајте го тоа гориво што е препорачано во прирачникот за вашиот автомобил.rn

Мит #5 – Возењето со отворени прозори ја зголемува потрошувачката на горивото

rnГолем број од луѓето советуваат да не се користи клима уредот во автомобилот, бидејќи тоа ја намалува економичноста на горивото. Но, други пак велат дека со отворени прозори при брзина од 100 км/ч или повеќе се пореметува аеродинамиката на автомобилот и поради тоа уште повеќе се зголемува потрошувачката на горивото. Но, доколку ги затворите прозорите и ја пуштите климата при овие брзини, ќе ја зголемите потрошувачката за околу 1,5 километри на литар. При тестирањата на Хонда Акрод, отворањето на прозорите на овие брзини немало никакво влијание врз потрошувачката.rn

Мит #6 – Гумите со послаб отпор на вртење се секогаш добар избор

rnИ покрај тоа што овие гуми има шанси да ви го намалат трошењето на горивото, тие не секогаш се добри кога станува збор за кочење и управување на автомобилот. Најдобро е доколку при вашиот избор на гуми на прво место ви се нивните безбедносни способности, а потоа отпорот на вртење.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.