Веројатно сте слушнале за глицеринот и за неговата употреба во медицината, во козметиката, во прехранбената индустрија и во земјоделството. Но, дали знаевте дека глицеринот е ефикасен и во секојдневниот живот? Погледете како да ја исчистите вашата куќа со глицерин.rnrn
rn
1. Блескаво чисти подови
rnЗа брзо и ефикасно чистење на валканите подови, додајте само неколку капки глицерин во кофата со вода.rn
2. Ослободете се од прашината
rnЗа да го направите ова, додајте малку глицерин во сад со вода. Навлажнете ја крпата во таа вода и избришете ги површините. Нема да видите прашина најмалку 10 дена. Овој метод на чистење се користи во музеите.rn
3. Ги отстранува дамките од облеката
rnСтавете неколку капки глицерин на дамката и исплакнете со вода во која ќе додадете малку сол. За да ги отстраните дамките од чај, од кафе или од чоколадо, направете смеса од глицерин и сол, нанесете ја на дамката и исперете ја облеката по половина час.rn
4. Правилно одржување на мебелот од кожа
rnАко имате изгребан кожен мебел, избришете го со памучна крпа натопена во глицерин. Повторете ја постапката два до три пати.rn
5. Прозорци
rnИзмешајте глицерин и етил алкохол во сооднос 1:10 и избришете ги прозорците. Долго време нема да има прашина и нечистотија на вашите прозорци.rnrnПогледнете ги овие трикови за полесно чистење кои ги користеле нашите баби.