Секоја жена и девојка која сака да изгледа убаво, знае дека ноктите се неизбежен детаљ кој ќе го надополни секој изглед. Стилизираните нокти се симбол за женственост и софистицираност. Затоа не е чудно што понекогаш дамите се препознатливи по тоа како изгледаат нивните раце. Можеби шминката и фризурата се оние кои го одредуваат вашиот стил, но обликот, должината и изборот на маникирот се неизоставен аксесоар и украс на една дама. За оваа есен во тренд се темните и металик нијанси, но и по малку екстравагантните и живи бои. Погледнете кои се задолжителни трендови за оваа есен кога се во прашање ноктите.rnrn
rn
1. Аквариумски нокти
rnОвој маникир ги полуде девојките ширум светот, а ноктите изгледаат како нешто да плива во нив. Акрилните вештачки нокти се дупчат, а потоа се полнат со масло и светки, за секој нокт да изгледа како мал аквариум. Овој маникир е забавен, креативен и имагинативен. Забележан е на сите модни недели, па многу е јасно дека овој тренд ќе биде секојдневие на улиците оваа есен.rnrn
rn
2. Маникир со водени бои
rnПастелните бои се дефинитивно заштитен знак на пролетта, но без сомнение ќе бидат популарни и оваа есен, а ќе ги носиме на сè – на облеката, модните детали, обувките, но и на ноктите! Ако темниот маникир не ви се допаѓа и ви изгледа монотоно, тогаш дефинитивно ќе ги обожавате овие живи и силни бои. Како опција можете да изберете темен гел, а врвовите да ги ишарате со светли бои како розова, жолта, црвена и сина.rnrn
rn
3. Пруги
rnЗа оние девојки кои сакаат поедноставни варијанти кои секако привлекуваат внимание, но не се премногу нападни, тогаш одличен избор се пругите.rnrn
rn
4. Металик омбре
rnБез разлика дали сакате сјајни, темни, златни или сребрени нијанси, овој футуристички маникир ќе биде голем тренд за оваа есен.rnrn
rn
5. Крем нијанса
rnЗа оние дами кои сакаат едноставност, природен изглед на ноктите и елегантност, добрата вест е дека и оваа есен едноставниот маникир повторно ќе биде во мода. Ако сакате ноктите да изгледаат повпечатливо секогаш можете да додадете некој циркон или сликичка.rnrn
rn
6. Тиквата како инспирација
rnСите нијанси на портокаловата дефинитивно ги заменија црвените нијанси, па и оваа есен ќе доминираат баш таквите тонови. Овој маникир инспириран од тиквите е одличен за „Ноќта на вештерките“, која пополека се приближува.rnrn