Исто како жените, така и мажите имаат свој омилен модел на костим за капење. Иако трендовите брзо се менуваат и секоја година на плажите и на базените можат да се забележат нови модели кој се хит, сепак многумина се држат до веќе испробаниот за нив. Но, покрај следењето на трендовите, костимот за капење може да каже многу и за карактерот на човекот кој ги носи. Производителите на костими за капење направиле едно истражување, во кое ги анализирале нивните купувачи и преку тоа ги откриле нивните главни карактеристики.rnrn
rn
Боксерки
rnКласичните боксерки, како што тврдат најпознатите брендови за машки костими за капење, ги опишуваат мажите кои ги носат како спремни за сериозна врска и тие не се плашат од обврските кои произлегуваат од истата. Ваквиот модел најмногу го сакаат традиционалните и по малку конзервативните мажи.rnrn
rn
Долги, сурферски костими за капење
rnСурферските костими за капење се многу популарни, но тие можат да се носат и за по дома. Токму затоа, тие ги карактеризираат опуштените момчиња кои сакаат екстремен начин на забавување. Иако во нив тие можат да изгледаат помалку несмасно, сопствениците на вакви костими за капење знаат да бидат вистински фраери, свесни за своите предности и многу добри во заведувањето.rnrn
rn
Бермуди
rnБермудите до колена се најомилениот модел на машки костим за капење. Овој модел ги опишува мажите како опуштени, а нив ги носат луѓе кои се чувствуваат добро во својата кожа и не ги вознемирува ништо. Момците кои носат бермуди со силни бои или изразени дезени сакаат да бидат во центарот на вниманието и не им е проблем да ги изразат своите чувства.rnrn
rn
Тесни боксерки
rnТесните боксерки ги носат момци кои имаат високо мислење за себе. Доколку сакате да одите на плажа со ваков костим за капење, треба да знаете дека е тенка границата помеѓу самоувереност и нарцисоидност. Исто така, овој модел не му стои убаво на секое момче.rnrn
rn
Тесни гаќи
rnОвој вид костим за капење го обележал минатото, но сепак за него сѐ уште има место под модното небо. Покрај пливачите и ватерполистите, најчесто нив ги носат самоуверени, сигурни и оптимистични момци кои сакаат да ја истакнат својата машкост.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
