КАФЕ ПАУЗА

И после сè

И после сè

Автор: Еленаrn(поднесено преку „Предложи содржина“)И после сèИ после сè, ние сме само силуета,rnфигура од кал осудена да живее на два света,rnживееме чекорејќи на сите страни,rnгорди на себе, прикривајќи ги своите мани.rnБрзаме во сè, знаејќи дека времето е скапоценоrnи токму тука го испуштаме она што ни е драгоцено.rnБарајќи голема среќа,rnиспуштаме љубов, радост и доблест полна вреќа.rnНо, крајот секогаш ќе биде ист,rnцелиот живот ќе остане роман со еден недопишан лист.rnА бесмртноста на човекот лежи во самиот тебеrnсо сите работи кои ги чуваш во себе,rnсо секоја зачувана насмевка, поглед или гласrnоној што го сакаме засекогаш ќе остане меѓу нас.rnСекој момент со тебе за мене ќе остане најубав спомен,rnзатоа почивај во вечен помен.

rnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе паузаПишете ни.rn

———————————————————————————————————————————————————————

rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.