Алуминиумската фолија може да биде практична бидејќи го забрзува готвењето, ги чува соковите во храната, па дури и го олеснува миењето на садовите. Сепак, алуминиумската фолија носи некои здравствени ризици.rnrn
rn
Внесуваме премногу алуминиум
rnАлуминиумската фолија се појавила пред околу сто години во САД. На почетокот била користена како обвивка за чоколади, бонбони и гуми за џвакање. Подоцна се појавила и во готвењето за печење риба, зеленчук, па дури и овошје, а се користи и за правење скара. Денес користиме алуминиумска фолија со тони, па затоа експертите започнуваат да се загрижуваат. Зошто?rnrnПри готвењето, дел од алуминиумот може да се пренесе и на храната, и долгорочно да ви предизвика здравствени проблеми. Според Светската здравствена организација, нашето тело може да се исчисти од само мала количина алуминиум. Безопасно е дневно да внесуваме 40 милиграми алуминиум по килограм од нашата тежина. За жал, некои внесуваат многу повеќе. Научниците ја истражувале потенцијалната опасност од преголемата изложеност на алуминиум и откриле некои работи кои се вознемирувачки.rnrnБило откриено дека луѓето заболени од Алцхајмерова болест имаат висока концентрација на алуминиум во мозочното ткиво. Исто така, поголемото внесување на алуминиум може да биде поврзано со намалениот раст на клетките. Тоа може да биде потенцијално многу опасно за луѓе кои имаат проблеми со бубрезите и коските.rn
Како всушност алуминиумот истекува во храната кога користиме фолии?
rnТоа зависи од киселоста на храната која ја готвиме во фолија. На пример, доматот и рибата имаат висока киселост. Исто, зависи и од температурата. Алуминиумската фолија употребена за готвење или печење го внесува тој метал во организмот. Колку е повисока температурата, толку повеќе алуминиум истекува во храната.rnrnКолку навистина алуминиумот му штети на нашето тело зависи од повеќе фактори. Пред сѐ, тука е нашата севкупна состојба и способноста на нашето тело да толерира алуминиум. Сепак, едно е сигурно. Алуминиумската фолија треба да се одбегнува при готвење или барем поретко да се користи.rnrnИако треба да се одбегнува во исхраната, еве 9 начини да ја користите алуминиумската фолија за кои досега сигурно не сте знаеле.