Дали сте размислувале за тоа дека можете да го живеете животот онака како што вие посакувате? Ако го живеете животот според вашите услови, секогаш ќе сакате да научите повеќе, да прифаќате нови предизвици и да продолжите да растете. Во продолжение прочитајте за правилата кои морате да ги следите доколку сакате да постанете „архитект“ на сопствениот живот.rnrn
rn
Правило 1: Распоред на времето
rnЗлатното правило за управување со времето – ако правилно го распределите своето време ќе ги завршите навреме своите обврски. Не можете да се разбудите со надеж дека времето за прошетка или читање магично ќе се вклопи во вашиот ден полн со задачи. Честопати причината поради која не се придржувате до своите цели не е дека ви недостасува мотивација, туку затоа што не сте ги дефинирале јасно претходно. Освен тоа, неопходно е да ги распределите задачите во однос на вашата енергија во текот на денот. Со други зборови, доколку сакате да се будите рано, тогаш почнете со оние задачи кои бараат поголем когнитивен напор. Распоредете ги задачите, особено новите вештини во кои сакате да напредувате во период од денот каде што можете да бидете најкреативни и најенергични.rn
Правило 2: Планирањето е клучно
rnСекоја вечер пред спиење одвојте неколку минути за да ги напишете на лист хартија вашите главни приоритети за наредниот ден. Тоа ќе ви делува навистина мотивирачки да ги завршите задачите во текот на денот, особено доколку бидете доведени во искушение да ги одложите.rn
Правило 3: Вредности и приоритети
rnБидете подготвени да се откажете од старите навики кои не им служат на вашите нови цели и амбиции. Можеби сте усвоиле одредена навика пред неколку години, која тогаш функционирала, но можеби сега ве спречува да ги постигнете вашите нови цели. Фокусирајте се на тоа каква личност сакате да станете и како сакате да ги поминувате вашите денови. Соберете храброст да се ослободите од старото за да создадете простор за новото.rn
Правило 4: Доследност
rnДоследноста е она што го поврзува чувството дека немате доволно време со напредокот кон вашите цели. Дали мислите дека би можеле да издвоите дополнителни 15 минути дневно ако помалку ги проверувате социјалните мрежи? Одговорот е очигледен. Кога сакате да постигнете напредок во вашата нова цел или вештина, одвојте ги тие 15 минути и распоредете ги во агендата со обврски. Имајте на ум дека не секогаш се работи за количината на време потрошено на една задача, туку за квалитетот. Освен тоа, ако знаете дека имате само 15 минути, ќе го вложите целиот труд. Откако ќе ја совладате навиката да се придржувате до 15-минутната пауза, тогаш можете да донесете одлука кога и дали ќе ја зголемите.rnrnОткако ги прочитавте овие правила, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те причини поради кои се откажуваме од нашите цели и како да се справиме со нив.rnrnИзвор: themindsjournal.com
