Кога станува збор за нега на кожата, најважно е да биде што е можно поприродна. Веројатно и самите имате забележано дека кога ја „мачите“ вашата кожа со секакви продукти, само како да ја влошувате нејзината состојба. Но кога ритуалите и продуктите за убавина ќе ги сведете на минимум, вашата кожа започнува да блеска. Ова значи дека правилото „Помалку е повеќе“ важи и за нега на кожата.rnrn
rnrnКога ќе сфатите што ѝ е потребно на вашата кожа, потребно е да ги најдете совршените продукти за тоа. Доколку подетално ги следите трендовите за нега на кожа, ќе сфатите дека најдобро е да се вратите на основата, односно да побарате некој рецепт од вашата мајка или баба. Кога станува збор за природна нега, најверојатно прво помислувате на чудотворната алое вера.rnrnОва растение отсекогаш се користи за нега на кожата поради неговиот гел со лековити и терапевтски својства. Интересно е што иако растението се користи со векови, научниците сè уште не ги знаат сите негови својства. Она што е докажано е дека делува против воспаленија, ги регенерира и хидрира сите видови кожа, но и дека го поддржува имунитетот.rnrnДруга состојка на којашто треба да обрнете внимание кога станува збор за нега на кожата, е хијалуронската киселина. Можеби веќе знаете дека оваа киселина се наоѓа во нашиот организам и е одговорна за еластичноста и волуменот на кожата. Со текот на времето кожата старее, па се намалува и количеството на оваа киселина. Поради тоа потребно е да надоместите за изгубеното, и тоа секојдневно. Исто така, докажано е дека оваа состојка е ефикасна за подмладување и намалување на видливоста на брчките. Не би требало да ги чекате 40-тите за да почнете да користите производи со хијалуронска киселина, туку почнете со ова уште во 20-тите. Кога станува збор за стареење и брчки, најважна е превенцијата.rnrnПа како би изгледала комбинацијата од алое вера и хијалуронска киселина? Лековитите и хидратантни својства на растението, во комбинација со ефектот на подмладување на киселината, овозможува најдобра нега за кожата. Спојувањето на овие две состојки одлично ќе ја навлажни вашата кожа. Па, следниот пат кога ќе барате продукти за нега на кожа, осигурете се дека содржат алое вера и хијалуронска киселина. Сигурно нема да бидете разочарани.rnrnПогледнете ги и останатите здравствени придобивки од алое верата.
Зошто комбинацијата од алое вера и хијалуронска киселина е толку популарна за нега на кожата?
