rn
Канаѓанки
rnНема жена која ги нема барем во пет примероци во својата колекција, бидејќи овие обувки се практични, идеални за секој ден и можете да ги носите со сè, па дури и во елегантни изданија. Ги сакаат сите жени, додека пак моделите варираат од стандардни до елегантни. Бидете слободни да ги носите овие обувки како што вам најмногу ви одговара.rnrn
rn
Сандали со ремче
rnСандалите со ремче околу зглобот се уште еден модел на обувки кои сите жени го сакаат. Може да се пронајдат со високи потпетици или во рамна варијанта, со врвки или без, додека ефектот кој со нив можете да го постигнете варира од целосно опуштен до неверојатно сексапилен. На крај, изборот е потполно ваш.rnrn
rn
Сандали со отворен преден дел
rnИако секоја година се појавуваат неколку нови трендови кога станува збор за моделите на сандали, сепак моделите со отворен преден дел некако се „провлекуваат“ и го добиваат своето место на модната сцена. Најдоброто од сè е тоа што можете да ги носите со која било летна варијанта, па со самото тоа и изборот на гардеробата е полесен доколку се одлучите да го носите овој модел на обувки.rnrn
rn
Гладијатор сандали
rnИако овој модел на сандали може да се стави под категоријата сандали со ремчиња, сепак тој е посебен модел. Двојките го обожаваат овој модел на обувки, а го носат со фармерки и со дамски струкирни фустани, па дури и со лелеави модели на фустани и здолништа.rnrn
rn
Мокасини
rnМокасините се едни од најзастапените модели во колекцијата на познатите брендови и дизајнери, а овие денови сè почесто се гледаат и на улиците, не само во женски, туку и во машки изданија. Наш предлог е да ги комбинирате со здолништа во која било должина, но и со различни модели на панталони, додека одлично ќе одговараат и со кардигани и плетени фустани.rnrn
rn
Оксфордки
rnОксфордките спаѓаат во модел на чевли кои претставуваат одраз на вистинска класика, па со самото тоа може да бидат одличен избор за работна или елегантна варијанта. Затоа можете да ги носите со фармерки или класични панталони со различна должина и со дамски фустани и здолништа.rnrn
rnrnПреминете на последната страница за останатите модели.rn
